Home / алтернативна медицина / Оваа девојка се излекувала само со правилно избрана храна (Видео)

Оваа девојка се излекувала само со правилно избрана храна (Видео)

Младата Ела Вудворд од Лондон го покажа својот пример, како исхраната може да биде многу важна. Откако и е дијагностицирана ретка болест, таа одлучила да се лекува со здрава храна и во тоа успеала.

Ela-VudvardЕла имала само 20 години кога се разбудила едно утро со потечен стомак, што делувало како да е во последното тромесечје од бременоста. По неколку месеци посети на лекар и тестирања, конечно и е дијагностицирале синдром на постурална ортостатска тахикардија, ретка болест која го напаѓа нервниот систем.

Таа била без енергија, а срцевиот ритам драстично и се забавувал или забрзувал за само неколку секунди. Ела почнала да спие по 16 часа дневно, а по цели недели поминувала затворена во својата соба.

За да се справи со сите симптоми, таа пиела по 28 таблети на ден. По неколку месеци ваква терапија, без никакво подобрување, таа одлучила да ги преземе работите во свои раце.

elaИнспирирана од книгата на Крис Кара „Луда Секси диета” таа преминала на вегетаријанска исхрана и почнала да избегнува глутен. По толку години јадење преработена исхрана полна со шеќер, ова било вистински предизвик за неа.

– Го мразев овошјето, го мразев зеленчук , немав идеја што е тоа киноа, вели таа за „Год Њуз”.

По неколку месеци јадење на истата вегетаријанска храна, таа одлучила да ги прошири нејзините хоризонти и почнала да експериментира. Таа го направила блогот „Deliciously Ella”, каде што ги споделува нејзините рецепти и искуства со другите.

– Ми беше потребно многу време за да направам нешто слатко, од кое нема да ми биде лошо. За да бидете среќни потребна ви е умереност. Блогот го започнав за да се принудам самата да смислувам нови рецепти и да пробувам нови работи и ми тргна- вели Ела.

Не само што почнала да јаде еден куп нови и различни видови храна, кои претходно не ги јадела, туку во рок од шест месеци нејзината болест почнала да се повлекува, а Ела сега има повеќе енергија отколку било кога досега. Не пие повеќе ниту еден лек и сака да им помогне на другите да се чувствуваат подеднакво добро.

Ела студира и сака да стане нутриционист, а во меѓувреме држи часови за готвење и пишува книга за тоа како промените во исхраната и го вратиле живот назад. Таа вели дека никогаш не се чувствувала олку среќна, здрава и жива.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top