Home / нови лекови / Научниците открија таблета против метастази?

Научниците открија таблета против метастази?

Таблета која спречува ширење на ракот, би можела да биде развиена, откако научниците откриле како да го „разбудат“ имунитетниот систем кој би ги убивал ќелиите на туморот

Метастазите се ширење на ракот од еден орган до друг и тие се главната причина за смрт од рак.

rak - karcinomИстражувачите идентификувале молекул наречен Цбл-б, кој го блокира ширењето на ракот, што ги довело истражувачите еден чекор поблизу до „светиот грал“ во терапијата против рак.

Ако идните истражувања бидат успешни, ова откритие би можело да го трансформира ракот од смртна болест до онаа која може да се контролира.

Вчера, професорот Каетано Реис Соуз, од британскиот Центар за истражување на рак, рече дека треба да се биде внимателен во било какви оцени пред прогласувањето на резултатот за „револуционерно откритие“.

-Имуниот систем има можност да ги убива туморите, но може да се контролира со молекуларни сопирачки, вели тој.

Авторите на студијата успеале да ја „тргнат ногата од една сопирачка“, давајќи му зелено светло на имунитетниот систем да ги убива ќелиите на туморот. Прашањето е дали ова некогаш ќе може да проработи кај одредени пациенти.
На експериментите извршени на глувци, бришењето или намерната активација на молекулите кои стимулираат антитуморско делување, драматично го намали ширењето на ракот на дојка и најсмртоносниот рак на кожата-меланом.

Професорот Јозеф Пенинг од Австриската академија на науката во Виена, рече дека „метастазите се главна причина зошто заболените од рак умираат.“

-Нашите резултати будат надеж дека би било можно да се развие ЦБЛ-б или ТАМ инхибитори, кои делуваат како сопирачка на имунитетниот систем кој му дава „полномошно на сопствениот систем да ги убива метастазите“, објаснува Пенинг.

-Ова навистина би бил „светиот грал“ за терапијата против рак, меѓутоа потребно е уште доста истражување, посебно од можните нус појави, додава тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top