Home / Болести и лечење / Направете тест дали сте алергични на студ

Направете тест дали сте алергични на студ

Ниските температури се типични за студените месеци, но токму тие ни носат и одредени “подароци” во овој период. Тоа се честите сезонски заболувања што сме научени да ги именуваме со еден збор – грип. Но, не секое зимско заболување е грип. Доколку не сме подготвени на студените денови и не се приспособуваме на условите и дополнително имаме намален имунитет, следуваат разни тегоби. Најчесто тоа се случува кога деновите се комбинирани со ветар и студ.

koi-lekovi-da-gi-ponesete-na-zimuvane-so-dete-1Снежна болест
Се јавува веднаш кога ќе излеземе надвор на студено време. Ја чувствуваме првин на очите, на почеток печење, а потоа и посилни болки, кои нè спречуваат да гледаме со широко отворени очи. Ако денот е светол, има сонце, се залажуваме и неподготвени излегуваме надвор. Во овој период од годината има и такви денови, но сонцето не ги менува ниските температури. При ова заболување очите ни стануваат црвени, а може да дојде и до отекување на очните капаци. Силната светлина ни ја оштетува ретината и постои ризик да дојде до оштетување на видот.

Експертите препорачуваат дури и во зимските ладни денови да ги заштитите очите од сонце и да носите очила. Очните капаци мачкајте ги со соодветен крем препишан од дерматолог и исто така консултирајте се за капки за очи со смирувачки ефект.

Зимска мигрена
При престој на екстремен студ чувствуваме како вилицата ни замрзнува и ни создава чувство дека не ја чувствуваме сопствената глава, а потоа се јавува неподнослива болка во целата глава. Ако не ја сфатиме сериозно оваа главоболка, може да се развие невралгија на некој нерв, а тоа не се лекува само со затоплување. За лекување на невралгијата може да бидат потребни и неколку недели под надзор на лекар. Затоа превентивно избегнувајте да престојувате надвор кога температурите се екстремно ниски, а доколку морате, добро опремете се со топла облека, капа, шал.

Исто така, треба да избегнувате пијалаци и храна кои се ладни или кои се наменети за лето, како пијалаци од фрижидер или сладолед. Овој совет е важен да го запаметите бидејќи и ова може да предизвика невралгија.

Алергија предизвикана од студот
Ако сметавте дека пролетта и летото се погодни годишни периоди за алергија, во право сте. Но, и зимата носи свои услови кои може да предизвикаат алергии по телото. Црвенило на носот, рацете, а понекогаш и ситен исип се типични зимски алергии. Интересно е дека тоа може да се случи и при позитивни температури помеѓу 5 и 10 Целзиусови степени. Таквата состојба може да предизвика затнување на носот, црвенило на вратот и на лицето, силна главоболка, па дури и отежнато дишење. При првите знаци на алергија консултирајте се со алерголог за да ви препорача соодветни лекови за намалување и за отстранување на симптомите.

Но за да знаете дека тоа навистина е алергиска реакција што се одразила на вашето тело и е резултат на студот, треба да направите тест. Потврдата може да ја имате и во домашни услови и тоа на следниов начин, кој во текот на годините се пренесувал од бабите. Земете коцка мраз и ставете ја под пазувите, чувајте ја од 2 до 4 минути и ако потоа се појават црвени истакнати дамки или точки, тогаш значи дека алергијата е предизвикана од студ. За превенција на оваа болест, треба минимално да го забраните контактот меѓу кожата и студот, затоа и најчесто алергијата се јавува на лицето, рацете, на деловите што се постојано изложени.

Настинка или грип
Додека се движите по улица, ви лазат морници, но од студ. Кога ќе стигнете дома или на работа каде што седите во затоплена просторија, а с` уште го чувствувате студот, може да се претпостави дека ја “фаќате” настинката. Настинката е опасна само затоа што може да предизвика други заболувања или некои стари или да премине во нешто посериозно ако навреме не ја спречите. За да се заштитите од настинката, важна улога има и исхраната, но и внесувањето големи количества течности, како чаеви, природни сокови и многу вода. Студеното време бара посебен режим на исхрана и состав на храната. Зимската храна треба да му обезбедува на организмот доволно енергија за животна активност и самостојно затоплување, а за таа цел е најпогодна храната богата со масти и со протеини, која се преработува подолго време. На пример, пред за излезете надвор, изедете една стек-салата.

Грипот и настинката се различни болести, иако се случуваат на сличен начин. И двете претставуваат респираторни инфекции, односно инфекции на дишните патишта предизвикани од вируси. Ако обичната настинка биде погрешно дијагностицирани како грип, тоа не е проблем. Ретко и само во најлош случај таа може да доведе до секундарни бактериски инфекции на ушите или синусите, кои се лекуваат со антибиотици. Но, ако грипот биде дијагностициран погрешно како настинка и не се преземат посериозни мерки, постои потенцијален ризик од развој на сериозни, дури и опасни компликации за животот.

Влажни стапала
Во зимскиот период кога дождовите и снеговите се секојдневје, многу често дома се враќаме со водени обувки, чорапи и стапала. Важно е веднаш да ги измиете нозете со топла вода и да ги затоплите со суви и дебели чорапи бидејќи од ладни и водени стапала може да се развие најпрвин настинката, а потоа дури и грип. Може да направите и топла бања за целосно затоплување на телото или барем да се истуширате со топла вода, а потоа да се затоплите со приспособена зимска облека. Потоа направете топол чај или супа и затоплете го целосно организмот и однатре.

Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top