Иако е позната како лек против воспаление на грло и крвавење на непцата, жалфијата има многу поголема примена.
Жалфијата има антисептично и антибактериско дејство, па освен тоа што е корисна кај проблемите со дишните органи, помага и при проблемите со варење на храната, чиревите, раните, болки и грчеви во внатрешните органи.
Жалфијата ги омекнува слузните секрети од воспалените слузници на дишните органи, односно полесно можеме да ги искашламе. Поради тоа против бронхит може да се пие чај од жалфија. Чајот се припрема со 1 супена лажица суви лисја и 500 мл вода. Се пие три пати на ден по 150 мл. Треба да се избегнува долготрајно пиење чај од жалфија бидејќи етерското масло на жалфијата содржи токсична супстанција тујон.
Чајот од жалфија може да се употреби и како средство за подобрување на функциите на жолчката и на црниот дроб, бидејќи горчливите материи и етерското масло го зголемуваат лачењето на соковите во дигестивниот систем. Поради стегливото дејство на танините и антимикробното и антивоспалителното дејство на етерското масло, чајот од жалфија е добар избор при пролив, колит и гасови во црева.
Од многу одамна било познато дека чајот од жалфија е мошне ефикасен лек против потење. Најчесто се препорачува да се пие против потење од нервно потекло или при топлотни банови кои се јавуваат во менопауза.