Home / природен лек / Како да се заштити бременоста пред самото зачнување?

Како да се заштити бременоста пред самото зачнување?

ДАЛИ ТРЕБА ДА ВНЕСУВАТЕ ВИТАМИНИ ПРЕД БРЕМЕНОСТА?

bremena4Внесувањето фолна киселина е многу значајно, и тоа пред да забремени жената. Со тоа се спречува животно опасната аномалија која се вика дефект на неурална цевка, кога не доаѓа до сраснување на рбетот. Поради тоа жената треба да зема препарати со фолна киселина некаде околу шестиот месец пред очекуваната бременост. Се оди дотаму што најеминентните стручњаци и предлагаат на секоја жена која има незаштитени односи задолжително да почне со земање фолна киселина.

ВО КОЈ ОБЛИК Е НАЈДОБРО ДА СЕ ВНЕСУВА ФОЛНАТА КИСЕЛИНА?

Може да се внесува чиста фолна киселина, минимум 400 микрограма – и тоа сама, или во состав со мултивитамински препарати.

ШТО ТРЕБА ОСОБЕНО ДА ИЗБЕГНУВАТЕ ПРЕД БРЕМЕНОСТА?

Посебно важно е да се избегнува можноста на внесување пестициди во организмот, хемиски средства за чистење, испарување на тешки бои, како и внесување морска храна за која не сте сигурни дали содржи тешки метали како жива.

ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ЖИВОТНИТЕ АКТИВНОСТИ, ДАЛИ ТУКА ПОСТОЈАТ НЕКОИ ОГРАНИЧУВАЊА?

Пред жената да забремени, би било добро да се избегнуваат спортови кои доведуваат до повреди – како што е јавањето, скијањето, боречките спортови и подводното нуркање. Доколку претходно сте имале спонтан абортус, тогаш мора да бидете уште попретпазливи.

ДАЛИ СЕ ПОТРЕБНИ НЕКОИ ПРЕГЛЕДИ ПРЕД БРЕМЕНОСТА?

Што се однесува до состојбата на телото, неопходно е да се направат извесни прегледи пред жената да зачне. Многу е важно да се направат тестови на полово преносливи инфекции, кои можат да бидат проблем во бременоста. Тука во прв ред се мисли на кламидијата.

ДАЛИ СЕ СОВЕТУВА ИМУНОЛОШКА ЗАШТИТА ПРЕД ЗАЧНУВАЊЕТО?

Важно е идната мајка да знае дали е заштитена од болести како што е рубеола. Ако не е, може да се вакцинира, како и против други вирусни инфекции, вклучувајќи го грипот.

НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ КОГА СЕ ВО ПРАШАЊЕ ТЕЛОТО И ЗДРАВЈЕТО?

Ако жената има вишок килограми, тогаш е неопходно да ја доведе во ред својата тежина. Потребно е да се провери шеќерот и крвниот притисок. Дури и ако постојат проблеми, полесно ќе се третираат отколку кога би се откриле во текот на самата бременост. Доколку користи лекови за која било болест – од психички па до дијабетес, мигрена, притиок, хронични болкии…задолжително нека консултира лекар кој тоа и го препишал, а за тоа задолжително треба да го информира гинекологот.

Повеќе на majkaidete.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top