Home / нови лекови / Преку капка крв ќе се открива дали некој има ризик да заболи од рак

Преку капка крв ќе се открива дали некој има ризик да заболи од рак

И преку капка крв или брис од уста ќе може да се дознае дали некој има генски предиспозиции да заболи од рак со испитување во новата лабораторија за молекуларна патологија и експериментално генска терапија на Институтот за патологија во Скопје, која завчера свечено беше пуштена во употреба. Тука ќе може да се испитуваат и предлеукемични состојби, а ќе може да се утврдува и дали може да се аплицира биолошка терапија на болните од рак, што сега е најмногу развиено во САД.

krv prstСе испитуваат и децата и внуците

Kако само со овие телесни течности, крв или лигавица од уста, некој, чии блиски во семејството заболеле од рак, ќе може да дознае има ли опасност и тој да заболи од рак на тироидната, но и на други ендокрини жлезди, а во иднина и за рак на белите дробови, на дебелото црево или бубрегот, појаснува проф. д-р Гордана Петрушевска, раководител на Институтот за патологија.

На прашањето како со овие анализи може да се превенира ракот – дали ако некој син или внук дознае дека е носител на тој мутиран ген што го носи неговиот татко или дедо, тоа значи дека постои опасност и тој сигурно да заболи од рак, проф. д-р Петрушевска вели:

– Ако наодот е позитивен, пациентот ќе се следи и почесто ќе се прегледува, зашто е вклучен алармот дека тој има зголемен ризик да заболи од рак на тироидната жлезда или од рак на други ендокрини жлезди. Така, со чести контроли може рано да се открие ракот и да се превенира неговото ширење. Тоа се т.н. конзервативен пристап кон водењето на пациентите со зголемен ризик да добијат канцер – појаснува проф. д-р Петрушевска.

Ако еден од родителите заболел од рак, тогаш ризикот синот или ќерката да заболат од истата болест изнесува од 25 до 50 отсто, доколку и тие се носители на генската мутација. Но во организмот треба да се случи и втора промена за лицето кое има генска предиспозиција да заболи од карцином.

Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top