Home / природен лек / Зачини кои даваат вкус и здравје!

Зачини кои даваат вкус и здравје!

МУСКАТНО ОРЕВЧЕ  

muskatno-orevceПлод на тропско дрво по потекло од Малучките острови. И се додава на сланината и на слатките јадења, колачињата, слатките креми и пудинзи, креми од сирење, сосови сирење и кромид, како додаток на спанаќот, династан зеленчук, варено вино.  Лековити својства: олеснување на варењето, дејствува против диареја и мачнина,  има благо седативно дејство.

ТЕМЈАН 
Темјанот се препорачува за зачинување на сите изразито мрсни јадења, на сите видови месо и риба и тешки сосови.  Се користи како природен конзерванс.  Лековити својства: има антисептично дејство и смирувачки, ги ублажува грчевите, настинката и кашлицата, менструалните проблеми и ревматичните болки.

КОПАР    

Медитеранска билка која се става во салати и пикантни сосови. Помешан со магдонос на бифтекот му дава посебен вкус, а се користи и како додаток во подготвување на туршија.  Лековити својства: Го олеснува варењето и го подобрува апетитот.

safranШАФРАН   “Црвеното  злато” од Ла Манча важи за најдобар шафран на светот. За килограм шафран потребни се околу 200.000 цветови шафранова ружа. Тие се берат рачно и се сортираат. На јадењата од месо и на сосовите од домати им дава посебен вкус, што асоцира на Истокот.

МЕЛИСА  (ЛИМОН ТРЕВА)   Свежите или исушени ливчиња на оваа ароматична билка со мирис на лимон се користат, пред се, за зачинување  на зелените салати, пикантните растителни сосови, дивеч и чорби.   Лековити својства: Во народната медицина чајот од мелиса се препорачува против слабост и мигрена.

КОРИАНДЕР    Ова е една од најстарите зачински билки, по потекло од Југоситочна Европа, каде што расте диво, а во Индија, Кина и Египет се одгледува илјадници години. Се користи како додаток на специјалитетите од дивеч, рагу-чорбите, јадењата од свинско, овчо и јунешко месо. На слатките од јаболка им дава посебен вкус.  Лековити својства:во медицината се употребува против пречки во варењето.

cimet1383355427_thumb_medium490_0ЦИМЕТ
Ароматична кора од тропско дрво со цвет  со  црвеникава боја, со пријатен мирис и вкус. Исушената кора од цимет или нејзиниот прав се употребува како додаток на слатки теста и колачи, а на Далечниот Исток се додава и на јадења од месо.

МАЈОРАН     Градинарско растение кое има широка примена во кулинарството. Најдобро е ако се користи како зачин за јагнешко, јадења од сирење, сосови за пилешко, чорби и зеленчук. Во некои делови на Војводина им се додава и на домашните колбаси. Лековити својства: ја смирува кашлицата и настинката, содржи А и Ц витамин.

bosilek2-300x224БОСИЛЕК   Се употребува листот (свеж или сув), за салати, супи, јадења од зеленчук, јадења од риба, од месо, маринади, сосови и преливи. Се додава пред крај на готвењето.  Лековити својства: смирува, опушта, заспива. Се смета дека дејствува како афродизијак. Го поттикнува лачењето на стомачните сокови, го забрзува варењето и го поттикнува апетитот.

АНИС    Татковината му е источно од Средоземјето. Има силен и пријатен мирис. Има се додава на мирисните колачи и тестото, но и за зачинување на риби, месо од живина, крем супи и сосови. Омилен е во азиската кујна. Лековити својства: го подобрува варењето, го намалува чувството на науден стомак, ја ублажува кашлицата и главоболката, ги смирува воспалителните процеси.

ЧИЛИ    Посебен вид ситна, мошне лута пиперка од тропските краишта, познат е и како каенски бибер. На јадењата им дава пикантен и лут вкус. Лековити својства:го подобрува крвотокот.

09-Ginger-StomachFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1-300x177ЏУМБИР  По  потекло е од тропска Азија. Има пријатен, но остар мирис. Се користи како зачин за печурки, месо, риба, ориз и јадења од зеленчук. Во некои земји им се додава и на колачи. Особено се цени во кинеската и индиската кујна.  Лековити својства: го поттикнува лачењето на стомачните сокови, го смирува кашлањето и настинката. Одличен атисептик.

КАРАНФИЛЧЕ    Тропско  дрво од Филипинските и јужните Молочки Острови, чии цветни пупки се користат за јадења од месо, сосови, топли напивки и некои видови зимница. Се користи умерено, бидејќи е многу ароматичен. Задолжителна состојка во вареното вино и слатките со мед и овошје.

КАРИ    Мошне пикантен индиски зачин во прав, комбиниран од разни состојки.  Познати се повеќе од 200 видови, од најблаг до најлут. Познат специјалитет е пиле во кари сос.  Многу е пикантен како додаток на разни сосови и преливи. Во Индија е многу омилен и се  користи за зачинување на сите видови месо и зеленчук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top