Home / Болести и лечење / Здрави намирници кои сепак предизвикуваат здравствени проблеми

Здрави намирници кои сепак предизвикуваат здравствени проблеми

Постојат многу производи кои можат да го подобрат здравјето, но постојат и здрави намирници кои можат да предизвикаат одредени здравствени проблеми.

hrana-ovosje-zelencuk-300x2001. Компир – Иако секогаш не се вбројувал во здрава храна, компирот е всушност многу здрав. Тој содржи над 20 отсто дневна вредност на витамините Ц, Б6 и калиум. Меѓутоа, некои луѓе се чувствителни на зеленчук во кој се вбројува и компирот и кој содржи алкалоиди кои можат да влијаат на мускулите и нервните функции.

2. Брокула – Таа е многу здрава и може да штити од рак. За повеќето луѓе, брокулата е одличен извор на витамините Ц и К, но лицата со тероидни проблеми треба да бидат внимателни кога го јадат овој зеленчук, бидејќи може да предизвика зголемување на штитната жлезда.

3. Банани – Тие се голем извор на калиум и витамин Б6, но некои луѓе се алергични на нив. Симптоми на алергиската реакција се губење здив, пецкање во устата и оток на грлото.

4. Спанаќ – Тој е богат со витамините К, А, железо и протеини. За жал спанаќот содржи и оксалати, кои се штетни за луѓето кои имаат болни бубрези.

5. Пилешко – Одличен извор на протеини и витаминот Б13, меѓутоа луѓето кои страдаат од гихт треба да го ограничат консумирањето на ова и останатите меса, бидејќи содржи високо ниво на пурин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top