Секоја храна богата со какао помага во намалувањето на крвниот притисок. Резултатите од последните истражувања покажале дека какаото го намалува ризикот од срцев удар или други проблеми со крвоносните садови.
И какаото и чајот содржат полифеноли – хемиски соединенија, за кои е познато дека имаат изразен позитивен ефект на срцето и крвните садови.
Но во какаото полифенолите се друг тип – процианиди кои се поефективни. Полифеноли има и во овошјето и зеленчукот. Затоа во моментов најпопуларна препорака за луѓето кои имаат проблеми со срцето е да употребуваат вакви намирници во поголеми количини.
Но треба да се нагласи дека какаото е побогато со полифеноли и е доста поефикасно – тврдат германските експерти.
Denesen