Доколку сакате во текот на декември да зачнете, имате големи шанси со оглед на тоа дека истражувањата покажуваат дека ова е поволен период за бременост. Луѓето се весели, опуштени, помалку мислат на работата и во потполност се посветени на предпразничната еуфорија, која има позитивно влијание врз зачнувањето.
Она што, исто така , ви оди во прилог е претстојната сезона на ќељот, кој е одличен сојузник за плодност и чие конзумирање може да ви помогне да создадете еден мал живот.
Ова го докажа студијата на клиниката за плодност Харли Стрит кој ја водела нутриционистката Нејми Савидес и која потврдила дека зелениот зеленчук, особено ќељот, има позитивно дејсво врз зачнувањето.
Ќељот е полн со фолна киселина, со што се зголемува плодноста кај двата пола. Таа исто така содржи витамини кои го подобруваат квалитетот на спермата, овозможувајќи и да преживее подолго во матката.
Освен за бременост, ќељот е добар бидејќи има анти-инфламаторен ефект, но, исто така го чисти телото од вишокот на пестициди и хормони кои ги внесуваме во нашето тело преку исхраната.