Наодите на научниците од Њујорк Универзитетот ги објави „Journal of the National Cancer Institute“.
Се покажало дека е и намалена разноликоста на бактерии во системот за варење поврзани со развој на рак на дебелото црево.
Утврдено е дека заболените од рак на дебелото црево имаат помалку бактерии вклучени во ферментацијата на влакна од исхраната, што може да резултира со зголемување на шансите за воспалителни процеси и почеток на рак.
Кај тие испитаници биле чести и бактериите поврзани со воспаленија во усната шуплина и гастроинтестиналниот тракт.
Во истражувањето е анализирана ДНК од примероците на столицата собрани од 47 пациенти со рак на дебелото црево и 94 здрави лица.