Home / Болести и лечење / Ако се зацрвенувате кога пиете – имате ризик од инфаркт

Ако се зацрвенувате кога пиете – имате ризик од инфаркт

Научниците предупредуваат – оние кои што при консумацијата на алкохолот забележуваат руменило на кожата на лицето, би требало да посветат поголемо внимание на својот крвен притисок.

vcrveneto liceРуменилото кое што се јавува кај многу луѓе при консумацијата на алкохол е знак дека организмот послабо го процесира ацеталдехидот, отровната состојка која настанува при обработката на алкохолните пијалаци, а сето тоа го зголемува крвниот притисок и го зголемува ризикот од срцев удар. Ова го тврдат научниците од јужнокорејскиот Универзитет Чунгам  по спроведената студија врз 1.763 испитаници.

“Иако досега се сметаше за непријатна последица од консумацијата на алкохол, но и важеше за алергија од пијалаците, црвенилото на лицето може да биде показател и на големиот притисок во крвните садови, што пак на крајот може да предизвика мозочен или срцев удар”, истакнува водителот на студијата, докторот Џон Сунг Ким.

Овие луѓе имаат поголем ризик од висок крвен притисок, а со самото тоа и од срцев и мозочен удар, пишува “Daily Mail”.

Ризикот е најголем кај луѓето кои што во текот на една недела пијат повеќе од четири алкохолни пијалаци, а за разлика од нив, кај оние кои што не се појавува руменилото на лицето, ризикот од висок крвен притисок се појавува по испиени повеќе од осум алкохолни пијалаци во текот на неделата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top