Home / природен лек / Калинката кралица на здравјето – чисти од отрови, превенира рак

Калинката кралица на здравјето – чисти од отрови, превенира рак

Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Тие се добар извор на антиоксиданти. Многу клинички студии ја испитувале превентивна улога на калинката кај ракот на простатата, ракот на кожата и ракот на дојката. Исто така, многу студии докажале дека калинките го забавуваат развојот на ракот.

Благодарение на изобилството витамини и минерали, калинката им помага на пациентите со низок притисок, го чисти организмот од отпади и отрови, а благодарение на маслото што содржи антибактериски својства, им се препорачува на лицата со срцеви проблеми и лоша циркулација.

kalinkaГо забавува стареењето – калинката содржи огромна количина антиоксиданти, поради што многу лесно ги апсорбираат слободните радикали.

Ги штити бубрезите – најновите истражувања покажуваат дека екстрактот од калинка ги спречува оштетувањата на бубрезите и ги штити од токсини.

Го штити и регенерира црниот дроб – сокот од калинка не само што го штити црниот дроб туку помага и во регенерацијата по оштетувањето.

Го јакне имунолошкиот систем – без разлика дали консумирате свежа калинка или нејзиниот сок, во организмот внесувате огромна количина витамин Ц, кој е од посебно значење во текот на студената сезона кога владеат настинките.

Калинката е антиалергиска – калинката содржи голема количина на супстанции познати како полифеноли, за кои е докажано дека ги намалуваат биохемиските процеси кои се поврзани со настанувањето на алергиите.

Ги спречува срцевите заболувања – новите истражувања покажуваат дека калинката ја подобрува способноста на организмот да го синтетизира холестеролот и ги уништува слободните радикали во васкуларниот систем.

Го намалува ризикот од рак на простата – едно истражување покажало дека сокот од калинка и екстрактот од калинка можат да ги убијат клетките на ракот.

Го спречува ракот на дојка – истражувачите го проучувале влијанието на сокот од калинка и неговите хранливи компоненти на ракот на дојка. Резултатите покажале дека сокот од ова овошје и екстрактот се мошне ефикасен лек во спречувањето ракот да се развие.

Спречува рак на кожа – кај лицата кои консумирале калинка воочено е значајно пониска стапка на рак на кожа.

Го регулира крвниот притисок – истражувањата покажале дека употребата на екстрактот од калинката го намалува крвниот притисок, предизвикан со консумирање на мрсната храна.

Ги регулира метаболитичките процеси – употребата на калинка го намалува нивото на шеќер во крвта, ја подобрува чувствителноста на инсулин, му помага на организмот да се избори против воспаленијата. Поради наведените ефекти калинката може да помогне при слабеењето.

Штити од инфекции – екстрактот од калинка ја зголемува ефикасноста на лековите против грам негативната флора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top