Home / аларм / Легионела – бактерија која живее во вашата бања

Легионела – бактерија која живее во вашата бања

Легионерската болест е инфекција на белите дробови (пневмонија) што ја предизвикуваат бактерии од фамилијата Легионела. Најголемиот број пријавени случаи на легионерска болест се предизвикани од бактеријата Легионела пневмофилија. Секоја година во САД се пријавуваат околу 8000 – 18000 нови случаеви на легионерска болест.

legionela beli droboviЛегионерската болест може да се добие откако луѓето ќе вдишат честички што потекнуваат од водени извори загадени со бактеријата Легионела пневмофилија (на пример разладни клима уреди, бањи со разбранувана вода, тушеви), или понекогаш, од почвата или земјата за садење растенија што е загадена со бактеријата Легионеле лонгбеацхае. Луѓето можат да бидат изложени на бактеријата дома, на работа, или на јавни места.

Не се пренесува од еден човек на друг. Периодот на инкубација (времето од моментот кога пациентот бил изложен на бактеријата, до моментот кога ќе стане болен) е од два до 10 дена. Легионерската болест најчесто ги напаѓа средовечните и луѓето во години, особено оние кои пушат цигари или кои имаат хронична болест на белите дробови. Исто така, зголемен е ризикот за оние со ослабен имунитет заради примање на лекови или како резултат на болести какви што се ракот, откажување на бубрезите, дијабетис (шеќерна болест) или СИДА (AIDS).

Името го добила во 1976 година, кога за првпат е откриена кај воени ветерани (т.н. легионери). Околу 10% од присутните заболеле од пневмонија, а стапката на смртност изнесувала околу 15% од заболените.

shower_head

Кога легионелата ќе навлезе во човечкиот организам, предизвикува грозница, кашлање, главоболка, дијареа, оштетување на јетрата, и запалење на белите дробови. Во најлош случај настапува смрт.

Клима уредите мора редовно и правилно да се чистат и да не се претерува со ниски темпертури, предупредуваат лекарите. Климите се домаќин и на кокасаки вирусот.

Најопасна за човекот е Legionella pneumophila, (серотип 1) . отпорна на бета-лактамски антибиотици (пеницилини и цефалоспорини). При поволни услови за нејзиниот раст и развој, како застој на водата и топлина, легионелата толку многу се размножува што дури и самиот воден аеросол е извор на инфекција. Во такви услови, таа може да преживее и повеќе од една година.

Главни извори на инфекција можат да бидат водоводите, централните греења, купатила, тушеви, џакузи… Најризични се централните клима уреди во поголеми простории каде има многу луѓе. Најчесто тоа се болници, трговски центри, банки, овие урди не се проверуваат толку често, вели Татјана Радосављевиќ.

Legionella bacteria which causes legionnaires diseaseНачинот на пренос е само со инхалација. ако климата не се чисти редовно во неа се создаваат гливици кој потоа се уфрлаат во воздухот а ако се вдишат предизвикуваат алергии, иритација на дишните патишта, главоболка, хроничен умор.

Легионелите се одговорни за 5-20% од вкупните пневмонии кај популацијата, што ја вбројува во трите главни предизвикувачи за воспаление на белите дробови

Времето на инкубација (периодот од инфекција до појава на првите симптоми) изнесува од 2 до 10 дена.

6

Симптоми

– покачена телесна температура која може да се движи и до 40C, придружена е со треска и потење.

– главоболка,

– малаксаност,

– замор

– сува и надразителна кашлица која постепено преминува во влажна

 Бактериите Легионела можат да се најдат во многу типови на водени системи. Меѓутоа, бактериите се размножуваат во големи броеви во топла вода што не се движи. Усовршен дизајн, дезинфекција и одржување на разладните кули и водоводните системи го ограничува растењето и ширењето на Легионела бактериите.

Присуството на бактеријата Легионела лонгбеацхае во почвата е вообичаено. Треба да се намали изложувањето на прашина од земја (купечка) за садење растенија и треба да се следи предупредувањето на производителот. Носењето ракавици и маска кога се работи со земја за садење може да помогне да се спречи инфекцијата. Исто така миењето на рацете е задолжително ако некоја личност работела со ваква почва, особено пред јадење или пушење.

www.health.nsw.gov.au

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top