Home / природен лек / Ги фрламе а дршките од цреши лекуваат се

Ги фрламе а дршките од цреши лекуваат се

Црешата е вкусно и здраво овошје, сепак она што е помалку познато е дека многу здрава е и нејзината дршка.

Уште во 50-те години од минатиот век, црешите го понеле епитетот за природен борец против реумата и болка во коските. Исто така црешите се одличен извор на бор кој во кмбинација со калциумот и магнезиумот влијаат на густината на коските. Го смалуваат таложењето на мочната киселина и спречуваат воспалување.

Богатата исхрана со цреши добро влијае на работата на срцето и крвотокот, органите за варење и го спречува појавувањето на кариес.

Чајот од дршките на црешите, помага кај бубрежните болести, мочните канали и исфрлање на камења. Црешите содржат големо количество диетални влакна кои помагаат при голема настинка.

Некои истражувања покажуваат дека 100гр. цреши дневно имаат до десет пати појако дејство од аспирин.

Можеби сте виделе дека некои луѓе ги сушат дршките, а еве и зошто е тоа така. Тие помагаат за болки, проблеми и болести со бубрезите, како и мочните канали, па дури и камен и песок во бубрезите.

Потребно е добро да ги исушите на сонце, па да ставите литро вода и да оставите да зовријат, а течноста да отстои еден час, по што се цеди.

Се пие три до четири пати на ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top