Лукот, освен што со своите антибактериски дејства лекува настинки и грип, тој е мошне употребувана билка во многу други здравствени ситуации.
Една кинеска метода е да земете парче лик и секое утро да го ставите во уста и држите околу 30 минути, како бомбона. Ефектот е зачудувачки, Преку плунката ефектот на лукот достига до крвта и ги чисти крвните садови, а со тоа и усната шуплина, а непцата ќе престанат да ви крварат.
Херпес
Вирусната инфекција на устата, на кожата или на гениталиите добро позната како herpes simplex е мошне непријатна појава. Устата ќе ја излекувате доколку на болното место ставите парче лук и го оставите да дејствува околу десетина минути. Заради ефикасни резултати постапката повторете ја петпати во текот на денот.