Home / Болести и лечење / Што е Хантан вирус од кој умреа таткото и синот од Гостивар и како да се заштитите од него

Што е Хантан вирус од кој умреа таткото и синот од Гостивар и како да се заштитите од него

Македонските здравствени власти по соодветните медицински иследувања утврдија дека причина за смртта на таткото (47) и синот (23) од гостиварско Симница е Хантан вирусот, најчест причинител на акутни хеморагични трески со бубрежен синдром во овој регион.

Вчера и министерот за здравсто д-р Арбен Таравари преку видео порака од САД смируваше дека ова заболување не се пренесува од човек на човек. Опасниот Хантан вирус го шират глодари, како глувци и стаорци, соопшти од Министерството за здравство.

Луѓето можат да се заразат од Хантан вирусот кога ќе дојдат во директен контакт со телесни течности (како плунка, измет или урина) на заболен глодар.

Хантан вирусите можат да станат воздушни или аеросолизирани во мали честички, а потоа може да се вдишат, според Светската здравствена организација (СЗО).

Прво појавување

Хантан вирусот првпат е идентификуван во САД во 1993 година кога мистериозна болест уби неколку здрави млади момчиња во регионот на Фоур Корнерс регионот каде се граничат Колорадо, Јута, Аризона и Њу Мексиоко.

Жртвите од оваа болест имале симптоми слични на грип и некаква респираторна инфекција. Епидемиолошката истрага потврдила дека причина за инфекцијата е хантан вирусот и од првично дијагностицираните 24 пациенти, дури 12 починале.

Истата 1993 година имало случај на Хантан вирусот кај маж од Флорида, и кај еден во Њујорк.

Во овие случаи вирусот дошол до луѓето преку полски глушец, глушец што оди по оризови полиња и бели глувци.

Во последно време слични случаи се документирани во Аргентина, Бразил, Канада, Чиле, Парагвај и Уругвај каде болеста е предизвикана од различни видови глодари.

Симптоми на болеста

Доколку глодарот е заболен, болеста се пренесува на човек, ако дојде во контакт со нивна свежа плунка, измет или урина.

Болеста се манифестира со силна треска, главоболка и болки во мускулите, стомачни проблеми како: повраќање, дијареа и стомачни болки, но и зашеметеност.

Четири до 10 дена од заразата може да се развијат и други симптоми како недостаток на здив и тешко дишење. Во тој период доаѓа да полнење на белите дробови со течности и тоа може да резултира со смрт.

Научниците велат дека во Азија, Европа и Централна Америка кај заболените се јавуваат и други симптоми како воспалено или зацрвенето лице, очи и други делови од телото, низок крвен притисок, обилно крварење и откажување на бубрезите – симптоми забележани и кај пациентите од Симница кои починаа на Инфективна клиника во Скопје.

Болеста може да биде фатална и оние кои ќе развијат симптоми откако ќе дојдат до допир со плунка, измет или урина од глодри треба веднаш да побараат медицинска помош.

Најзагрозени

Оние кои се најмногу изложени на ризик од болеста се луѓето кои редовно поминуваат време во места населени со дивите глодари. Според СЗО во таа ризична група спаѓаат планинарите, туристите, камперите како и оние со професионална изложеност на глодари (на пример, градежни работници, градежни инспектори, работници за уривање и дрвосечачи).

Туристите, камперите и други авантуристи кои сакаат рекреација на отворено треба да се избегнуваат спиење или одмор на гола земја. Може да користат шатори или некакви поткренати платформи.

Исто така изложени на ризик се оние кои имаат наезда на глодари во нивниот дом. Во тој случај важно е да се преземат одредени мерки на претпазливост кога се чистење по наезда на глодари. Изметот и материјалот за гнездење не смее да се исчисти со правосмукалка туку треба да се испрскаат просториите со некакви силни хемикалии за дезинфекција како на пример белилото и потоа да се отстрани со хартиена крпа.

Доколку во домот се открие дупката од каде влегуваат глодари, потребно е да се затвори, а ако се сомневате дека имате глувци пожелно е низ домат да се стават стапици, а храната да се држи на безбедно место за да се спречи контаминација.

Болеста не се пренесува од човек на човек, но неколку такви случаи се евидентирани во Јужна Америка, но никогаш досега во Северна Америка.

Случајот Јосемити

Во есента на 2012 година, од мистериозна болест починаа три лица, кои пред тоа поминале некое време во Националниот парк во Јосемити во Калифорнија. Виновникот бил хантанвирусот, патоген кој се шири низ измет и урина на глодари. Камперите биле изложени на вирусот во внатрешноста на колибите од Паркот Јосемити, во кои заразени глувци престојувале во текот на зимата. Починале од тешка белодробна инфекција.

Уште седум заболени лица лежат на Инфективна

Седумтемина пациенти од гостиварско село хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести се во добра општа состојба и се чекаат нивните резултати од нашата лабораторија и од рефентните центри, изјави денеска заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски.

Резултатите од анализите за утврдување на причината за смртта на двете лица од гостиварското село Симница кои починаа на Клиниката за инфективни болести откако биле донесени во тешка здравствена состојба, покажале дека тие биле позитивни на Хантан вирус, кој не се пренесува од човек на човек.

Чакаровски рече дека во овој момент во селото и во бачилото се врши комплетна дератизација и дезинсекција на сите објекти во селото и околината. Потенцира дека се чекаат резултати од мострите од вода и резултатите од Агенцијата за храна и ветеринарство

Sitel.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top