Home / алтернативна медицина / Македонец – Прв на Балканот лечи ДИСКУС ХЕРНИЈА без операција

Македонец – Прв на Балканот лечи ДИСКУС ХЕРНИЈА без операција

Редовниот професор, д-р специјалист за физиотерапија и хиропрактика, Ангел Џамбазовски кој е со прилепско потекло, а живее и работи во Скопје, ја облече одората за титулата Академик на Бугарската академија за наука и искуство.

dr angel djambazovskiПокрај тоа што е шеф на институтот за кинезиолошка антропологија на Скопскиот Универзитет Св. Кирил и Методиј” професорот работи и во современиот Хотел “Амбасадор”  каде што е сместен Центарот за интензивна рехабилитација во кој успешно се решаваат за кратко време сите видови изместувања на зглобовите на екстремитетите и р’бетот, трауматолошки повреди на лигаментите и меките ткива, ситуации после операции, фрактури, укочени зглобови, парези, дискусхернии, лумбалгии, спондилози, дегенеративни реуматични заболувања, р`бетни деформации, остеопорози, главоболки, вегетативни пречки, хроничен замор, различни форми на периартритиси, дегенеративни заболувања од реуматична природа, целулитис, болки во пределот на градниот кош, р’бетот, хемороиди, естетско обликување на тело, замор, претренираност, совети за спорт, исхрана и друго.

Центарот за интензивна физиотерапија уште е познат како центар за сколиози, располага со најсовремени комбинации на физиотерапеутски и хиропрактични комбинации, методи и постапки за брзо постигнување на високи лечителни ефекти, обично за 3-6 третмани или денови за сите погоре спомнати пречки-болести. Располага со иновации во физиотерапеутските постапки, особено за сите видови деформации на скелетот, за кои професорот Џамбазовски е прогласен за светски стручњак по Кембриџ, за Доктор Хонорис Кауза по ВТУ, за почесен Ректор, за хуманист, алтроист и.т.н. Има напишано преку 200 труда и 10 книги. Прв ја напишал кинезиолошка медицина во свет и прв зборува за естетска и ортопедска кинезиологија. 17 години работи низ Европски центри, а специјализација завршил во Швајцарија.

Се школувал и предавал во повеќе Европски центри и тоа: Москва, Софија, Загреб, Белград, Цирих, Минхен и.т.н. Своето клиничко искуство во период од повеќе од 30 години успеал да го поврзе практичното и теоретското искуство и да стигне до нови сознанија. Тој прв ја развил теоријата за преструктуирање на механизмите за структурата на движењата и употребил при грбачните заболувања на што се должи неговиот висок лечителен ефект. Искомбинирал нови препарати под формата на крема кои се одлично средство во одстранувањето на сите овие пречки, болести! Препаратот Џамбо-Гал е одлично средство кое ја помага циркулацијата на крв и овозможува проодноста на енергијата и кислородот во клетките, на тој начин се помага терморегулацијата и хранењето на ткивата. Препаратот Џамбо-Гал е сосема природна комбинација од препарати кој после неговото премачкување на телото го регулира крвотокот, протокот на енергија делува аналгетски, контраиндикации непознатиb Се бара купувач на рецептот или произведувач.

Има одлично уиграна физиотерапеутска екипа која заеднички делува во период од 20 години. Успешно професорот го заменуваат: Д-р. мед. Валентина Крстевска, Доц.д-р.мед. Митричка Џ. Старделова.

 

Со лекувањето на дискус хернијата без оперативен зафат, ја заокружил постапката за стекнување на титулата академик, која траела три до пет години. Од Скопје во светот промовираме нова метода за ослободување на луѓето од болки без оперативен зафат, кој инаку е многу трауматичен, комплициран и скап. Ако за хируршка интервенција се потребни 2-3 илјади евра, за спас по физикален пат потребни се 200-300 евра.

Дискус хернија е нарушување на биомеханичкиот сооднос меѓу пршлените. Работејќи 40 години во физикалната терапија и хиропрактиката стигнав до сознание дека, ако се оперира еден дискус, не е решена еластичноста на мускулите што ја држат кичмата право. Ја откривме изворната причина – нарушениот мускулен тонус. Ако имате една гитара со 6 жици, од кои една затегната, друга олабавена, даваат различен мускулен тонус.

Прво што правиме е да се врати мускулатурата во нормална тонусна регулација. Користиме вулканска кал. Таа, загреана на 60 степени, во дебелина од 1-2 центиметри, додава топлина во телото од надвор кон внатре, односно во длабоките слоеви на ткивата, па сé до коскениот апарат. Со интензивното затоплување вакуумно се повлекуваат заглавените нерви во каналот по природен пат. Се даваат само неколку ортопедски вежби за јакнење на мускулите. Телото го ладиме, се собира и нервот кој е надуен легнува во каналот – вели Џамбазовски.

Ова е единствен метод на Центарот за интензивна рехабилитација и институт за применета кинезиологија, формиран во 1990г. под негово раководство.

One comment

  1. Vo Prilep ima doktor po ako presura, Blagoja, go vikaat vo Prilep krsacot, ama nema vrska, toj lekar , napravi cudo za mojata kerka, dozivotno ke sum blagodaren, drugo ne me interesira.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top