Home / аларм / СЗО објави листа на најопасни бактерии- погледнете кои се

СЗО објави листа на најопасни бактерии- погледнете кои се

Светската здравствена организација (СЗО) ја објави листата на 12 најопасни бактерии за луѓето, наведувајќи дека лекарите брзо ги губат опциите за лекување.

inside-air-duct-pollen-dustmite klima bakteriiНа прес-конференцијата на СЗО во Лондон наведено е дека листата има за цел да го промовира развојот на медицината во случајот за најопасните бактерии што се отпорни на лекарства, влучителни и салмонелата и златната стафилокока.

Експерот на СЗО Мари-Пол Киени истакна дека антибиотиците што се потребни веднаш, нема да бидат развиени на време, доколку овој проблем го решава пазарот.

Наводите на СЗО покажуваат дека најпотребни се нови лекови за сузбивање на бактериите што претставуваат опасност за болниците, домовите за стари лица и пациентите кои имаат потреба од кислород.

Организацијата предупреди дека бактериите од оваа листа се се почесто отпорни на лекарства и можат да предизвикаат смртоносни инфекции.

Критични групи се:

– Acinetobacter baumannii, резистентни на карбапенем.

-нPseudomonas aeruginosa, резистентни на карбапенем.

Enterobacteriaceae, излачува бета-лактамаза, резистентни на карбапенем.

Висок ризик:

– Enterococcus faecium, отпорни на ванкомицин.

– Staphylococcus aureus, резистентни на метицилин и ванкомицин.

– Helicobacter pylori, отпорна на кларитромицин.

– Campylobacter spp, отпорни на флуорокинолон.

– Neisseria gonorrhoeae, отпорни на цефалоспорин и флуорокинолон.

Среден ризик:

– Streptococcus pneumoniae, резистентна на пеницилин.

– Haemophilus influenzae, отпорна на ампицилин.

– Shigella spp, резистентна на флуорокинолон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top