Home / природен лек / Напивка – го чисти телото со само неколку голтки

Напивка – го чисти телото со само неколку голтки

Кога имате ѓумбир дома, вашиот организам ќе ви се заблагодари.
Освен што благотворно делува на расположението и го ублажува влијанието на стресот, ѓумбирот е вистински мелем за желудникот и цревата, а познат е како лек против грип и настинка, мачнини, ја подобрува циркулацијата и го подобрува имунитетот.

cajoddjumbira_1392757483_670x0Ако пиете чај од ѓумбир ќе го прочистите организмот од отровниот талог кој се собира во вашето тело. За да го направите ќе ви бидaт потребни 4 шолји вода, 2 парчиња свеж корен од ѓумбир и додатоци по желба: мед и парче лимон.

Излупете го коренот и исечете го на тенки плочки. Ставете го ѓумбирот во зовриената вода и варете го на тивок оган 15-20 минути. Потоа процедете го чајот и додајте лимон по желба.

Ѓумбирот е исклучително хранлив зачин. Свежиот ѓумбир содржи 2,3 отсто белковини, 0,9 отсто масти, 12,3 отсто јаглехидрати, 1,2 отсто минерали и 2,4 отсто влакна. Енергетската вредност на 100 грама ѓумбир изнесува приближно 70 калории. Богат извор е на калциум, бакар, магнезиум, манган, фосфор, селен, цинк, железо и витамин Ц.

Сируп од ѓумбир

  • лажица корен од свеж ѓумбир
  • 1 свеж лимон
  • 5-6 моркови
  • 1 излупено јаболко

Додадете вода и добро измешајте.

Чај од ѓумбир

Состојки:

  • 4 лажици рендан свеж ѓумбир
  • 2 чаши вода
  • ½ лимон
  • 1-2 лажици мед
  • ½ лажиче куркума

Подготовка:

Излупениот ѓумбир исечкајте го на што е можно поситни парчиња и ставете го зовриената вода да одстои најмалку 30 минути (колку подолго, толку подобро). Откако ќе се излади додадете мед и лимон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top