Симптомите се опасни и мора да внимавате на себе со цел да закрепнете брзо. Ако не сакате да примате вакцина, тогаш е важно да знаете како да ја спречите болеста да ве нападне. Знаете и сами дека е неопходно да ви бидат измиени рацете и да избегнувате многу луѓе, особено во затворени простори.
Луѓето што се заразени со грип може да ви пренесат вирус пред да почнат и самите да ги чувствуваат првите симптоми.
Во повеќето случаи вирусот е заразен од 24 до 72 часа од моментот кога ќе дојде во допир со вирусот на грип, а може да ги инфицира другите и до пет дена после појавата на првите симптоми. Кога станува збор за деца со слаб имунитет, тие може да бидат заразни дури и во рок на две недели.
Грипот најчесто се добива преку течности, односно се пренесува од личноста што кива и кашла во наша близина.
Може да се заразиме и од контаминираните телесни течности на заболеното лице, со тоа што ќе го допреме лицето со истите раце, особено устата, носот или очите.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes