Перењето раце и дезинфекција на површината околу вас може да ги намали шансите за појава на инфекција за 50%, тврди Чарлс Герб кој ги проучува бацилите повеќе од три децении.
Еве како да ја одржувате хигиенатга на предметите во кои микробите умеат да се сокријат.
Четкичка за заби
Бактериите напредуваат во влажни средини, како што е вашата четка за заби. За да ја заштитите вашата уста, заменете ја четката за заби на секои три до четири месеци.
Душек за вежбање
Секогаш кога вежбате на душекот газите боси и се потите. Затоа секогаш е подобро да понесете своја простирка со која ќе ја одржувате редовно хигиената.
Накит
Постои причина поради која докторите и медицинските сестри мораат да го тргнат накитот во операционите сали. Студијата од 1997 година покажала дека здраствените работници кои носат прстени на себе имаат значително поголем број на микроби, дури и откако ќе ги измијат рацете. Сепак постои исклучок – среброто е антимикробни, така што накитот изработен од овој метал би требало да остане релативно стерилен.
Перници
Веројатно често ги перете чаршафите и јастучниците, но кога последен пат сте го испрале самиот јастук? Јастуците содржат габи, бактерии и прашински грини, кои можат да предизвикаат алергии. Неколку студии покажале дека перниците се едни од најголемите извори на инфекции во болниците.
Работен стол
Во некои случаеви, во бирото и на предметите во истото има повеќе бактерии отколку во тоалетот Јадеме со прстите, пушиме, а кашламе и киваме на сите овие површини. Персоналот за хигиена воглавно не ги чисти затоа што потпаѓаат под приватни предмети. Најдобро е редовно да ги исчистите сами истите тие предмети.