Земањето на поедини лекови со одредени производи може да има контраефект. Ова посебно се однесува на калциумот од млекото, кој во органите за варење лесно се врзува за одредени производи, создавајќи соединенија кои потешко се растопуваат, поради што не можат да се апсорбираат во крвотокот, предупредуваат лекарите од германското национално здружение.
Како пример, ги наведуваат пациентите кои земаат антибиотици и препарати против остеопороза. Тие не би смееле да консумираат млеко најмалку два часа по земањето на лековите.
Грејпфрутот би требало да го избегнуваат лицата кои земаат лекови за регулиање на холестеролот во крвта, јакнење на имунолошкиот систем и имуносупресивите, препарати кои го спречуваат отфрлањето на органот по трансплантација.
Лоши интеракции постојат и помеѓу антихипертензивните лекови и сладунецот. Оваа билка содржи супстанции кои го креваат крвниот притисок и лековите не можат да дејствуваат.