Home / нови лекови / Таблета од 1958 нов адут за лечење од рак

Таблета од 1958 нов адут за лечење од рак

Научниците мислат дека лекот “метформин” кој на крајот од педесеттите години на минатиот век се користел за намалување на нивото на шеќер во крвта може да биде клучен за лечење на тешки болести, како што се рак на дојка, дебело цреко и простата.

Лекот во 1958 година се користел за пациенти кои имаат дијабетис тип 2 и чинел 50 центи. Пишува Bloomberg.

Истражувањата почнале после откритието дека метформинот го запира ракот кај глувците и дека дијабетичарите кои го користеле овој лек имаат помал ризик од заболување од карцином.пишува Bloomberg, но исто така додава дека треба да се чека за нови тестирања. Во меѓувреме, на таа тема се напишани околу 50 научни трудови.

-Овој лек влева голема надеж бидејќи е ефтин, бидејќи ако се покаже како ефикасен против рак ќе биде достапен за сите- рекле научниците.
За истражувањето на метформинот како лек за рак, до сега биле потрошени околу 10.000 долари, а според објавите на  Светската здравствена организација научниците прогнозираат дека  до 2030 година од рак ќе умираат по 13,1 милијарда луѓе годишно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top