Home / природен лек / Предвреме ви побелува косата – еве што да правите

Предвреме ви побелува косата – еве што да правите

Погрешната исхрана и менталните грижи се двете главни причини за предвременото побелување на косата. Недостатокот од некои од витамините од групата Б, од железо, бакар и јод во секојдневната исхрана се верува дека е главен фактор за овој проблем со косата. Менталните грижи произведуваат исклучителна тензија во кожата на скалпот а ова го попречува дотокот на виталната исхрана која е неопходна за здравјето на косата. Други причинители за предвремено побелување на косата се недоволната хигиена на скалпот, миењето на косата со врела вода, сушење на косата со електричен фен за коса како и употреба на фарби и некои други средства за боење на косата. Наследниот фактор исто така игра важна улога за овој проблем.

Масирањето на скалпот со масло од бадем е одличен третман за оваа намена.

Индиска рибизла:
seda kosaУпотребата на индиската рибизла е познат лек помеѓу домашните лекови кои се полезни за превенција и третман на предвремено побелување на косата. Овој вид на тоник е мошне корисен за збогатување на растот на косата како и пигментот на самата коса. Овошјето, пресечено на парчиња треба да се осуши на сенка. Овие парчиња од овошје треба да се сварат во масло од кокос се додека материјата не стане како гламњосан прав. Ова масло со темна боја е многу корисен лек против предвремено побелување на косата.

Водата каде овие суви парчиња овошје претходно биле потопени исто така делува хранливо за косата. Оваа вода треба да се употребува за исплакнување на косата откако таа претходно ќе се измие. Масирањето на скалпот секоја ноќ со една лажица сок од ова овошје, промешано со една к.л. масло од бадем и неколку капки на сок од зелен лимон исто така е полезен третман во превенцијата за предвремено побелување на косата.

Вечен цвет (штир):
Вечниот цвет е уште еден ефикасен домашен лек за нарушувањата со косата. Апликација од свеж сок од листовите на ова растение помага косата да ја одржи својата природна боја и спречува предвремено побелување. Исто така го потпомага растот на косата и ја прави косата мека.

zacini-kariЛистови од кари: 
Слободниот внес на листови од кари се смета за полезно во спречувањето на предвременото побелување на косата. Овие листови имаат способност да овозможуваат виталност и цврстина на корените на косата. Новите корени на косата кои растат се поздрави и содржат нормален пигмент. Листовите можат да се употребуваат во форма на туршија или можат да бидат исцедени во бјут од млеко. Кога листовите ќе се сварат во масло од кокос, маслото формира одличен тоник за коса за стимулирање на растот на косата и ја враќа природната пигментација на косата.

Ребреста лејка: 
Ребрестата лејка сварена во масло од кокос исто така е ефикасен лек против предвремено побелување на косата. Парчињата од овој зеленчук треба да се осушат на сенка. Овие суви парчиња треба да се потопат во масло од кокос и да се држат настрана од три до пет дена. Маслото потоа се вари се додека смесата не се редуцира и не остане темен остаток од самото масло. Ова масло потоа служи за масирање на скалпот. Се ваквиот лек се потхрануваат корените на косата и се обновува пигментот на косата.

Путер:
Путерот направен од кравјо млеко има способност за спречување на предвремено побелување на косата. Мало парче може да се зема како оброк, а со друга мала количина од путерот се употребува за масирање на корењата на косата двапати неделно.

Витамини:
Витамините се мошне корисни во заштитата против предвремено побелување на косата, особено пантотеничната киселина која ја содржат Б витамините, пара-аминобензоичната киселина или ПАБА, иноситол и др. Минималната дневна потреба од овие витамини се движи од 10мг на пантотенична киселина, 100мг од параминобензична киселина и 2гр. иноситол. За да се задржат потребните резултати, сите три вида на витамини кои припаѓаат на Б групата витамини треба да се земаат одделно, особено во форма на Б витамини, како што е црниот дроб или квасецот. Трите витамини кои се користат против побелувањето на косата можат исто така да се произведат во цревниот тракт од страна на бактериите. Затоа, земајќи доволно количество на ден јогурт и една лажица квасец пред секој оброк е одличен лек против побелувањето на косата и третман за предвремено побелување на косата. По  желба, овој витамин може да се зема во форма на таблети и тоа калциум пантотенат и пара-аминобензичната киселина, и тие треба да се земаат како надополнување на квасецот и јогуртот а не како нивна замена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top