Состојки:
Мед 1 килограм
Чувар куќа 500 грама
Листовите од чувар куќа е потребно да ги сомелете и исцедите во еден сад и добиете сок. Потоа го додавате сокот во мед и мешате додека се соединат смесите. Така направениот мед со чувар куќа потребно е да отстои 7 дена на топло место и потоа е спремен за употреба.
Важна напомена-смесата од чувар куќа и мед се зема на гладен стомак пред јадење по една лажичка, и по земањето на медот два часа да не се конзумира никаква храна.