Секојдневното внесување на разни производи од какао позитивно влиаје на здравјето, а пред се во намалување на крвниот притисок.
Ова го покажа истражувањето на стари лица во Холандија кои секојдневно консумирале чоколада,чоколадни пудинзи,чоколадни пијалаци и слични производи од какао..
Изготвената студија досега претставува најсилен доказ за позитивното здравствено дејство на какаото кој е богат извор на флаванол за кое се смета дека влијае на еластичноста на артериите и вените.
Во прилог на ова тврдење научниците истакнаа дека жените кои три месеци пиеле шоља какао богато со антиоксиданси добиле понежна,повлажна и затегната кожа.
Научните истражувања потврдија дека какаото го поттикнува мозокот на создавање ендофрин,кој доведува до опуштање,отстранување на стресот и ублажување на болките. Тука воедно лежи одговорот зошто депресивните луѓе јадат чоколада во огромни количини.
Зрната од какао содржат маснотии,јаглени хидрати и протеини. Докажано е дека со секојдневно консумирање на 22 гр какао прав значително се намалува таложењето на лошиот холестерол на ѕидовите на крвните садови. Содржат и бакар кој го поттикнува развојот на сврзувачкото ткиво многу е важен за нервниот систем.
Од друга страна истражувањето спроведено во Велика Британија покажува дека какаото штити од срцеви болести и мозочен удар. Дневната шоља какао го спречува настанувањето на тромб,односно крвното згрутчување кое доколку стигне до срцето или мозокот може да предизвика инфаркт.
Duma.mk
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes