Home / алтернативна медицина / Прочуениот рецепт за подобрување на видот

Прочуениот рецепт за подобрување на видот

Владимир Петрович Филатов (1875-1956) бил руски офталмолог и хирург кој станал познат на светско ниво поради во тоа време револуционерниот пристап кон очните болести.

bloody-eye-110112-02Станал познат по тоа што успеал да му го врати видот на Василиј Зајчев, снајперист на Црвената армија.

Филатов го создал овој лек за подобрување на видот, а потребни се само лимон, алое, ореви и мед.

Ќе ви бидат потребни 10 дкг сок од алое, половина килограм кршени ореви, 30 дкг мед и сок од 3 или 4 лимони. Освен што е добар за видот, овој лек ја подобрува општата здравствена состојба на целиот организам.

Најпрво треба да ги исечете поголемите долни и средни листови од алоето, кое пак треба да биде старо 2-3 години. Отстранете ги боцките од листовите, измијте ги добро со преварена вода и ситно исецкајте ги. Сокот се цеди најдобро со помош на соковник.

Академикот препорачува листовите од алое да не се сецкаат веднаш, туку да отстојат во фрижидер 10-12 дена со цел да се формираат биогените стимулатори.

Останатите состојки се мешаат со сокот од алое и се конзумира лекот три пати дневно по една лажица пред јадење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top