Анка Николова 32 годишна радовишанка пред 2 години изгуби надеж дека повторно ќе може да се движи.
Кога сите и кажале дека не може да се спаси десната нога Анка му напиша писмо на д-р Жан Митрев, во кое раскажа дека сака да биде корисна за своето семејство и дали може во „Филип Втори“ да и помогнат, нагласувајќи дека финансиски е немоќна.
Операцијата ја направи тимот на ортопеди од нашата болница предводени од д-р Сашо Младеновски, а Анка беше ослободена од плаќање на сите трошоци околу прегледите, дијагностицирањето, операцијата, постоперативното лекување. 
До скоро неподвижната мајка на 2 малолетни деца денеска повторно му се радува на животот, одејќи без никакви помагала. Видете ја нејзината приказна во видеото под текстот.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes