Хормонските промени кои настануваат со стареењето се причина поради која доаѓа до бенигно зголемување на простата. Мажите постари од 50 години имаат зголемена простата. Ова се случува кај речиси 50 отсто од мажите на оваа возраст. Од нив кај 30% се јавуваат проблеми со мокрењето.
Зголемувањето на простата има два вида симптоми: Иритативни и опструктивни. Под иритативни спаѓаат зачестено мокрење преку ноќ и ден, испуштање на урината и итност за одење во тоалет.
Опструктивни симптоми се: послаб млаз,чекање на почеток при мокрење, прекинување на млаз, чувство на непотполно празнење, капење по мокрењето.
– Првите знаци се јавуваат во раните 40 години. По 60-тата година, речиси секој втор маж има тегоби предизвикани од зголемена простата. Со стареењето, симптомите сè повеќе се изразени. Ако пациентот ги има опишаните симптоми, јасно е дека болеста е присутна и дека треба да се лекува, смета урологот д-р Невен Капун.
Токму поради иритативните симптоми мажите најчесто го посетуваат урологот. Многумина стравуваат од рак на простатата и целосно застанување на урината, но ретко кога напреднуваат симптомите толку брзо да дојде до целосен застој или камен во мочниот меур. Кај хроничниот застој, во урината исто така се појавува и крварење, како и можност за бубрежно откажување.
При прегледот се прави палпација на простатата, преглед на урината, а по потреба и ултразвук на мочниот меур пред и по мокрење. Исто така се прави и крвна слика.
За да ја излекувате простатата мора да смените неколку животни навики меѓу кои и исхраната. Треба да избегнувате зачинета храна, газирани пијалаци, алкохол, кафе и седење на ладно. Додека пак кај помладите пациенти, кои се соочуваат со овој проблем, лечењето започнува на природен начин преку билни чаеви од коприва.
дума.мк