Диалил сулфид, една од главните состојки на лукот го штити телото од труење од храна така што создава заштитен слој, а има појако дејство од некои лекови кои се користат при труење од храна, покажуваат резултатите од истражувањето спореведено на Институтот во Вашингтон.
Клучната состојка на лукот, диалил сулфид е стопати посилна во борбата против труењето од храна отколку антибиотиците. Диалил сулфидот создава заштитен слој во желудникот што бактериите тешко можат да го уништат, а за разлика од антибиотиците, лукот веднаш делува.
Кампилобактеријата една од најчестите бактерии кои предизвикуваат труење од храна, а симптомите се дијареја, грчеви во желудникот и зголемена телесна температура. Оваа бактерија речиси во една третина од случаите предизвикува парализа.
КОРИЈАНДЕР – за спречување на труења со храна
Коријандерот се покажал како успешно во борбата против труење со храна, покажале истражувањата. Пилешкото и црвеното месо (особено меленото месо) можат да содржат кампилобактер од кој можете да се разболите ако храната не е доволно термички обработена. Семките од кориjандер можете да ги додадете кога подготвувате плескавици и јадења со пилешко.