Home / сведоштва / Породувањето денес трае подолго отколку во времето на нашите баби

Породувањето денес трае подолго отколку во времето на нашите баби

На мајките денес во просек им требаат околу шести и пол часа за да се породат, додека пред 50 години просечното породување траело четири часа. Тоа е заклучок на една студија, која спореди речиси 140.000 породувања во овие два временски периоди.

bremenost2-300x260Причините за подолго породување не се целосно разјаснети. Можеби имаат врска со разликата меѓу денешните мајки и нивните баби. На пример денес жените првпат стануваат мајки во просек четири години подоцна, имаат поголема телесна тежина и психички се поинакви.

И денешните бебиња се потешки во просек за повеќе од 100 грама, отколку што тоа беше во 60-тите години. Но авторите на студијата велат дека најважната причина за подолго породување е тоа што го прават гиниколозита, а не промените на нивните пациенти. Една од причините, која експертите ја наведуваат е порастот на употребата на епидурална анестезија во текот на породувањето.

Епидуралот го продолжува породувањето за околу 40 до 90 минути, но секако тоа е широко прифатена пракса за помош на регулирање на болката при породувањето. Во САД 85 отсто од современите жени на породувањето користат епидурална анестезија. Еднаш когаш ќе примат епидурална анестезија жените се во креветот до породување. Во доцните 50-ти години и почетокот на 60-тите години на минатиот век жените повеќе шетале до самото породување.

Уште една голема промена е што денес повеќето жени имаат индуцирано породување. Со други зборови помалку им се дозволува спонтано да влезат во породилната сала, така што секоја трета жена спонтано се породува.

Иако многумина ова ќе го сметаат за напад на епидуралната анестезија или на царскиот рез, главна задача на истражувањето е дека треба да се прифати фактот дека породувањето трае подолго и дека би требало да постои нова дефиниција на „нормално“ породување, а со самото тоа и тајминг интервенција која се применува врз родилката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top