Home / Болести и лечење / Докторите го откриваат водечкиот причинител за појава на рак: Колкава е киселоста на вашиот желудник?

Докторите го откриваат водечкиот причинител за појава на рак: Колкава е киселоста на вашиот желудник?

На сите заболени лица докторите им препорачуваат да посветат посебно внимание на киселоста на желудникот, без оглед на дијагнозата. Корекцијата на киселоста е токму таа критична алка којашто е неопходна за оздравување.

gastrit zeludnikТокму ниската киселост во желудникот е водечки извор за појава на рак на желудникот, како и други хронични заболувања. Ризикот за развој на овие болести го зголемува и неконтролираното и несовесното препишување на антацидни препарати и блокатори на киселините, откриваат докторите.

Докторите напоменуваат и дека добро се крие фактот дека главен причинител за горушица (киселини во желудникот) е всушност недостатокот на хлороводородна киселина во желудникот. Токму затоа одредувањето на киселоста во желудникот е важна превентивна мерка и сериозен чекор на патот кон доброто здравје.

На сите заболени лица докторите им препорачуваат да посветат посебно внимание на киселоста на желудникот, без оглед на дијагнозата. Корекцијата на киселоста е токму таа критична алка којашто е неопходна за оздравување.
За одредување на киселоста на желудникот се спроведува посебна процедура којашто се нарекува – Хајделберг. За нејзино спроведување болниот треба да проголта специјална капсула врзана за посебен конец. Откако капсулата ќе испрати радиосигнали, таа се вади од желудникот.

Но, докторите откриваат и исклучително точна метода за дијагностика на ниската киселост на желудникот, која можете да ја спроведете и во домашни услови. Овој тест според напомените на докторите е потполно безбеден.
Промешајте ¼ мала лажичка сода бикарбона со 150 милилитри млака вода. Испијте го овој раствор наутро, на празен желудник.

Забележете го времето коешто ќе помине до појавата на подригнување. Доволно е да почекате не повеќе од три минути. Ако не сте подригнале сè уште, постои голема веројатност за ниска киселост во желудникот. Ако пак сте подригнале – вашата киселост е во ред.

Дали е доверлива оваа метода? Не за сите. Но, зошто да не пробате? Точноста на дијагностиката се зголемува при комбинација на горе наведениот тест со клинички симптоми на намалена киселост на желудникот кои вклучуваат:

● надувување на стомакот, чувство на преполн желудник после секој оброк
● несварена храна, пролив или затвор
● алергија на одредена храна
● повремени мачнини
● иритации околу ректумот
● омекнување, лупење и напукнување на ноктите
● проширени вени во областите на образите и носот
● габични инфекции и дисбактериоза на цревата
● акни
● недостаток од железо
● губиток на косата

Ако се обединат и проанализираат горе наведените симптоми, може со голема веројатност да се посомневате на намалена киселост на желудникот. А дијагностиката е веќе половина лечење, заклучуваат докторите.

Denesen.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top