Home / природен лек / Сувите смокви – лек за маснотии во крвта

Сувите смокви – лек за маснотии во крвта

Доколку забележите наслаги од масно ткивo со жолта боја, во облик на плочки или чворчиња на горниот капак од окото, или на некој други делови од телото, проверетe ја својата крвна слика. Ова може да бидат првите симптоми на болеста.

smokvi-300x150Подоцна доаѓа до здебелување на ѕидовите на крвните садови, артеросклероза, за која допринесуваат и други ризик фактори како што се (пушењето и алкохолот), а како последица на сето тоа најчесто се јавуваат кардиоваскуларните болести кои се едни од водечките причини за смртност, како во светот така и кај нас.

Доколку имате ваков проблем еве еден природен лек кој го користат многумина и имаат резултати од него.

Сувите смокви и јаболковиот оцет се единствените состојки на овој лек, а неговата подготовка е многу едноставна.

Лекот подготвувајте го навечер, а пијте го наутро. Земете три суви смокви и убаво избоцкајте ги со забочепкалка од сите страни. Потоа ставете ги во стаклен сад во кој претходно имате ставено 2дл јаболков оцет. Нека одстојат смоквите и наредното утро изедете ги трите смокви. Остатокот од оцетот оставете го за да ставите наредната вечер повторно три смокви.

Тие 2 дл користете ги 7 дена, повеќето од течноста ќе ја упијат смоквите. Осмиот ден земете нови 2дл јаболков оцет и постапката повторете ја уште седум дена. Лекувањето трае 14 дена, а потоа повторно провере ја крвната слика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top