Free songs
Home / нови лекови / 9 жени добија нова матка со трансплантација

9 жени добија нова матка со трансплантација

Лекарите во Шведска успешно извршиле трансплантација на матка кај девет жени на кои овој орган им го донирале членови на нивните семејства и тие набрзо ќе се обидат да останат бремени, рекол главниот лекар на овој пионерски проект Матс Бранстром.

maternica2Тој објаснил дека се работи за жени кои се родени без матка или им е отстранета поради тумор и сите се на возраст од 30-тина години. Тие се дел од експериментот кој треба да утврди дали жените на кои им е извршена трансплантација на матка можат да родат сопствени деца.

– Ова е потполно нов вид на хирургија, немаме учебник да ни помогне – рекол Бранстром.

Познато е веќе за два обиди на трансплантација на матка – во Турција и во Саудиска Арабија, но ниту во еден случај не дошло до потомство.

Научниците во Британија, Унгарија и во другите земји планираат слични операции, но Шведска досега најмногу напредувала на тоа поле.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top