Home / Болести и лечење / 70 Проценти од луѓето го имаат овој проблем со очите – а и не знаат

70 Проценти од луѓето го имаат овој проблем со очите – а и не знаат

Еден просечен човек поминува 6 до 9 часа на ден пред некој вид екран, компјутер, таблет, лаптоп, мобилен… Претпоставуваме дека и со вас ситуацијата не е нешто поразлична.
Ако е така, може да бидете меѓу речиси 70 проценти од возрасните кои страдаат од „дигитален замор на очите“- прогресивна состојба која може да доведе до сериозни болести на окото, се заклучува од извештајот од страна на непрофитабилната организација The Vision Council.

th21-630-istock-computer-laptop-glasses-630wДигиталниот замор на очите е ескалација на здраствените проблеми. Вашите очи не се сознадени да бидат фокусирани во точка со саати, особено не онаква која емитува вештачко „сино светло“.

Прекумерната изложеност на овој вид на светло и заморот поради фокусирањето на иста точка скоро третина од денот- им штети на нашите очи и предизвикува сувост и црвенило, замаглен вид, замор во очите, главоболка, болка во грбот и рамениците, пишуваат авторите.

„На долг рок, загледаноста во компјутерот може да доведе до корнеална штета и делумно губење на видот“, предупредува офталмологот Клејтон Блем, кој има направено истражување за синдромот компјутерски вид.
Долгите часови поминати пред екран може да доведат до болеста суво око- односно до неспособност да се произведе доволно солзи за да го оддржи окото подмачкано, објаснува Џастин Базан, член на American Optometric Association и советник на Vision Councila.

oko33Како да знаете дека очите ви се изложени на прекумерна електронски стрес? Ако чуствувате напнатост во очите, очите ви се водени или црвени, или сте се фатиле како го триете воспалениот и болен врат, задниот дел од главата или рамењата- тоа се знаци дека сте ги исцрпиле и вашите очи, вели др. Базар.

За да ги одморите очите, др. Базар го предлага правилото на секои 20 минути да направите пауза и 20 секунди да гледате во нешто што е подалеку од 6 метри.

Ако носите очила, контактни леќи или очила за читање, зборувајте со вашиот лекар за посебно дизајнирани очила за работа на компјутер со анти-стрес леќа. Дури и луѓето кои обично не носат очила, а поминуваат долго време пред компјутер, специјално дизајнираните очила можат да бидат многу корисни, додава др. Базар.

365.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top