Зелка
Студиите направени од Националниот институт за екологија во САД покажаа дека зелката е одлично средство за превенција од ракот. Причината за ова е постоењето во зеленчукот на противраковни соединенија, кои го потискаат растот на клетките на ракот и го спречуваат нивното производство. Таквите соединениенија се наоѓаат како во вообичаените, така и во кинеската зелка и броколи. Редовната потрошувачка на овој зеленчук го намалуваат ризикот од рак на белите дробови за 36%.
Доматен сок
Според јапонците, доматниот сок е е средство за неутрализирање на негативното влијание на тутунски чад. Се претпоставува дека заштитниот ефект на доматниот сок се должи на присуството на антиоксиданс, кој го намалува создавањето на кислородни радикали, штетни за клетките.
Сок од моркови
Бета-каротин се преобразува во организмот во витамин А, неопходен за зајакнувањето на слузокожата. Дозата потребана за секој пушач се две чаши сок од моркови на ден.
Одредени житни култури
Во пролет семето на пченицата го има целиот сет од корисни и активни материи, вклучувајќи ги витамините Е и B12, фолна киселина и селен, кои штитат ткивото на белите дробови.
Витамин Ц
Тој се наоѓа во многу овошје и зеленчук. Особености на овој витамин е дека тој не се синтетизира во организмот и може да дојде само од надворешната средина. Пушењето на цигари од друга страна неутрализираат 35 мг. витамин Ц, што бара дополнителни снабдувања. Секој сам може да пресмета колку доза треба да си набави во зависност од бројот на цигарите, што ги пуши на ден.