Free songs
Home / природен лек / 5 природни лекови за мамурлак

5 природни лекови за мамурлак

Банана

5-prirodni-lekovi-za-mamurlak-kafepauza.mk_Иако нема да ви биде до јадење, за бананата навистина треба да направите исклучок. Зошто? Бидејќи бананата е богата со додатоци, особено со калиум кој надоместува за електролитите кои сте ги изгубиле минатата ноќ, а и помага во справување на организмот со големото количество алкохол во него. Слично на бананата, кивито и праските се исто така богати со калиум, а доколку неговото количество во организмот е намалено може да искусите зголемен крвен притисок, иритации и замор.

Кокосова вода

Еден од природните и многу ефикасни начини да ги надоместите загубените електролити е и кокосовата вода која е единствена поради фактот дека во нејзиниот состав се вбројуваат истите пет електролити кои ги има и во човечкото тело. Па покрај тоа што ќе ви помогне и ќе ви го надомести намаленото количество течности во организмот, таа е и превкусна.

Аспарагус

Едно истражување спроведено во Кореа од Институтот за Медицински науки и Националниот универзитет Чеџу, укажува дека екстракти од лисјата на аспарагус се покажале доста корисни при штитење на црниот дроб после пијанство. Алкохолот кој го конзумираме има токсини кои се посебно штетни за црниот дроб, а аспарагусот кој е богат со аминокиселини е вистинското оружје против тие токсини.

Вода

Првото нешто на кое помислувате после конзумирањето на големо количество алкохол е сигурно водата. Таа е вашиот најдобар пријател и додека сте во процесот на алкохолизирање, а и потоа. Иако само го разводнува алкохолот во стомакот, водата ве одржува хидрирани дури и во периодот кога алкохолот го прави токму спротивното. Чаша вода е секогаш добра идеја, особено кога ви е потребно да се отрезните.

Јајца

Па кога веќе мора да каснете нешто, иако сѐ уште мамурни, препорачливо е тоа да бидат јајца. Тие содржат цистеин, аминокиселина која го разградува ацеталдехидот во црниот дроб кој сте го внеле со алкохолот. Ензимот глутатион се наоѓа во жолчката од јајцето и тој е оној што ќе ја заврши работата, па многу брзо ќе бидете како нови.

Cafepauza.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top