Научниците од Нотингамскиот универзитет направија маст за очи од кромид и лук по рецепт на античкиот медицински трактат “лекарската книга на Балд”, датирана од IX век, пишува ВВС.
Излегува дека мелемот ефикасно уништува слоеви на Златен стафилокок, кои се отпорни на дејството на антибиотици метицилин.
“Претпоставувме дека очната маст на Балд може да биде слаб антибиотик, но останавме поразени од антибактерискиот ефект кој го поседува комбинација од состојките”, изјави коавторот на истражувањето Фреја Харисон.
Научниците сметаат дека постојат и други древни медицински текстови, во кои може да се најдат вредни информации за составот на препарати, ефикасни против заразни болести. Тие претпоставуваат дека античките лекари со векови истражувале пред да биде откриено постоењето на бактериите.