Home / природен лек / 10 причини зошто треба да јадете јајца

10 причини зошто треба да јадете јајца

1. Тие се добри за очите. Едно јајце дневно ја намалува можноста за појава на дегенерација на очните мускули и тоа поради антиоксидансите лутеин и зеаксантин кои ги има и во брокулата и спанаќот. Предноста на јајцето е во тоа што човековото тело од него може апсорбира повеќе корисни состојки отколку од растенијата.

2. Поради наведените антиоксиданси го намалуваат ризикот од појава на катаракта.

images

3. Едно јајце содржи 6 грама високо квалитетен протеин како и сите 9 есенцијални аминокиселини.

4. Според една студија на Harvard School of Public Helath не е пронајдена поврзаност помеѓу консумирањето на јајца и кардиоваскуларните заболувања. Дури едно од проверените истражувања тврди дека редовното консумирање може да помогне во спречувањето на затнувањето на крвните садови, мозочниот и срцевиот инфаркт.

5. Жолчката содржи протеин колин, кој придонесува кон здравјето на нервниот систем и мозочните клетки.

6. Поради истиот протеин се намалува ризикот од рак на дојка дури до 24%.

7. Жолчката содржи 5 грама маснотии од кои само 1,5 грама заситени масти кои се сметаат за штетни.

8. Покрај општо прифатеното мислење дека јајцата го зголемуваат нивото на холестеролот, умерената консумација од најмногу две јајца дневно не делува на липидниот профил. На холестеролот првенствено делуваат заситените, а не незаситените масти кои преовладуваат во јајцата.

9. Јајцата се еден од најдобрите извори на витамин Д кој е неопходен за апсорпција на фосфорот, втората важна состојка на коските и забите.

10. Бидејќи се богати со минерали и витамини, ги зајакнуваат ноктите и косата. Многумина забележале погуста коса и побрз раст на влакното откако исхраната ја збогатиле со јајца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top