Free songs
Home / Болести и лечење / 10 подмолни симптоми на болестите на бубрезите

10 подмолни симптоми на болестите на бубрезите

Болеста на бубрезите е една од најсмртоносните болести која погодува неколку милиони луѓе низ светот. Луѓето често не се свесни дека имаат проблем додека тој не стане критичен. Симптомите на болеста често се занемаруваат и не им се придава преголема важност, но токму тие може да спречат посериозните последици.

bubreg2Бубрезите се парни органи кои се наоѓаат во задниот дел од абдоминалната празнина од двете страни на ‘рбетот, веднаш над половината. Тие се важни за севкупното здравје бидејќи извршуваат многу виталните функции во организмот.

Бубрезите помагаат во отстранувањето на штетните материи, го регулираат производството на црвените крвни зрнца, ослободувајќи ги хормоните кои го регулираат крвниот притисок и помагаат во производството на активниот облик на витаминот Д, потребен за здравје на коските.

Честите проблеми со работењето на бубрезите не покажуваат симптоми и поради тоа може тешко да се дијагностицира болеста.

10 симптоми кои укажуваат дека се соочувате со проблемите во работењето на бубрезите:

1. Промени во функцијата на уринарниот тракт

Првиот симптом на болестите на бубрезите е промената во уринарната функција. Промените може да бидат во висината и зачестеноста на урината. Останатите промени може да вклучуваат : зачестено ноќно уринирање; урина потемна од обично; урина која се „пени“; урина која содржи крв; чувство на притисок или проблеми во текот на уринирањето; болка или чувство на пецкање во текот на уринирањето.

2. Отекување

Главната задача на бубрезите е отстранување на отпадите и течностите од телото. Кога тоа не се случува, наталожувањето на дополнителни течности и водата предизвикува отекување. Отекувањето може да се појави во рацете, нозете, скочните зглобови, на лицето и под очите.

3. Замор и слабост

Кога бубрезите не функционираат како што треба, постои константно чувство на замор во текот на денот. Можеби ќе се чувствувате изморено, исцрпено или со недостиг на енергија без никаква причина. Две причини за овие симптоми се анемијата и акумулацијата на отпадните материи во телото. Здравите бубрези го лачат хормонот еритропоетин кој помага во производството на кислород. Оштетениот бубрег создава недостаток на овој хормон што на крајот доведува до намалување на црвените крвни зрнца. Исто така, кога бубрезите не функционираат како што треба, на телото му е потешко да се ослободи од штетните токсини и материи. Ова може да доведе до губиток на апетитот. Вишокот токсини во телото и губитокот на апетит водат кон губиток на енергијата.

4. Вртоглавица

Ако болеста на бубрезите предизвика анемија, можно е да страдате од почести вртоглавици, што создава чувство на зашеметеност, нестабилност или губиток на рамнотежата. Тоа се случува затоа што анемијата го спречува мозокот да добие доволно кислород. Тоа понатаму може да предизвика проблеми со памтењето, отежната концентрација и проблеми со спиењето.

5. Необјаснива болка во грбот

Необјаснивите болки во грбот, како и во страните во стомакот можат да бидат симптоми на недијагностицирани болести на бубрезите или бубрежните инфекции. Кога бубрезите не функционираат како што треба може да дојде до болка, вкочанетост и течности во зглобовите. Болката во долниот дел на грбот и препоните може да биде предизвикана од камен во бубрегот. Полицистичното заболување на бубрезите, кое е наследна болест, доведува до создавање на циста во бубрезите што може да предизвика болка во долниот дел на грбот.

Ако имате силни грчеви кои се шират од долниот дел на грбот кон препоните, обратете се кај лекар.

6. Чешање и иритација на кожата

Наглиот осип, иритацијата и претераното чешање се симптоми на некои видови болести на бубрегот. Неправилното функционирање на бубрезите придонесува за наталожување на отпадните продукти и токсини во организмот, што доведува до многу проблеми со кожата. Уште една последица од лошото функционирање на бубрезите е нерамнотежата на калциум и фосфор во крвта, што може да доведе до претерано чешање. Ако инаку вашата здрава кожа покаже ненадејни знаци на осип и силно чешање, обратете се кај својот лекар.

7. Непријатен вкус во устата

Болеста на бубрезите може да предизвика непријатен вкус во устата. Тоа се случува затоа што слабото функционирање на бубрезите доведува до зголемување на нивоата на уреата во крвта. Уреата влијае на создавањето на амонијак во плунката кој предизвикува непријатен вкус.

8. Мачнина или повраќање

Мачнина, повраќање и слаб апетит се многу вообичаени симптоми меѓу луѓето кои страдаат од болестите на бубрезите. Мачнината и повраќањето најчесто се појавуваат наутро по будењето,бидејќи бубрезите не се во состојба да филтрираат штетни токсини од крвта, ова доведува до акумулација на прекумерната количина на азот во крвотокот. Ова понатау ги стимулира гастроинтестиналните мукози и предизвикува мачнина и повраќање. Доколку и понатаму имате мачнина и повраќање обратете се на лекар пред состојбата да се влоши.

9. Студ во телото

Ова е уште еден од симптомите на анемија кои можат да бидат предизвикани од болеста на бубрегот. Можеби ви е ладно без никаква причина, дури и кога сте во топло опкружување. Одвреме- навреме, може да се појави и треска.

10. Отежнато дишење

Краткиот здив исто така може да биде знак за болести на бубрегот. Неправилното функционирање доведува до дополнително таложење на течностите во белите дробови. Отежнатото дишење може да се појави како последица на анемија предизвикана од проблемите со бубрезите.

PlusInfo.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top