1. Вдишете длабоко
Кога ќе вдишете длабоко нивото на хормонот кортизол докажано е дека се намалува, а тоа помага да се ослободите од стресот и вознемиреноста. Студиите советуваат дека длабокото дишење може и повремено да го намали крвниот притисок.
2. Напрскајте некој пријатен мирис
Ароматерапијата е добар начин за ослободување од стресот. Одредени ароми како лаванда, иланг-иланг, секогаш се покажуваат успешно при намалувањето на стресот.
3. Слушајте музика
Истражувачите покажуваат различни начини на кои музиката помага во ослободувањето од стресот, а со тоа претставува природен регулатор на стрес во организмот, а некои терапевти ја користат и за лечење на стресот во медицински процедури.
4. Смејте се
Смеата може да ги намали физичките последици од стресот како и заморот на телото.
5. Напијте се чај
Една студија открила дека црниот чај ја намалува количината на хормонот кортизол во телото после стресот и дава чувство на опуштеност.
6. Вежбајте
Напливот на ендорфин после вежбање е еден од начините за брзо да се ослободите од стресот.
7. Џвакајте мастика
Џвакањето мастика може да ја намали количината на кортизол во телото и да помогне во намалувањето на стресот.
8. Одете на масажа
Масажата не служи само за ослободување од физичката болка, туку може и многу да допринесе за подобрување и ослободување на вашата психа.
9. Прегрнете некого
Прегратката секогаш е добар начин за смирување и намалување на крвниот притисок кај возрасните. Доволно е да прегрнете некоја драга личност и да ви помине сета нервоза.
10. Зборувајте за сексот
Студиите покажуваат дека сексот всушност ги намалува физичките симптоми на стрес и го намалува крвниот притисок.