Free songs
Home / природен лек / Зелениот чај на врвот на листата на најздрави лековити пијалоци

Зелениот чај на врвот на листата на најздрави лековити пијалоци

Еден од најпопуларните чаеви во светот па и кај нас е зелениот чај. Сигурно сте слушнале дека доколку пиете зелен чај, ќе ви се подобри здравјето. А сега ќе ви кажеме подетално за неговата лековита моќ, потеклото и правилниот начин на припрема.

Потекло на зелениот чај

Зелениот чај потекнува од Кина, каде што населението го консумирало пред 4000 илјади години. Претставува традиционален лек во Азија, а особено се консумира во Кина, Јапонија, Виетнам, Кореа и Тајланд, каде што најчесто луѓето го користат при температура, регулирање на шеќерот во крвта и подобрување на варењето на храната. Во Кина постојат книги од петтиот век, каде што авторите ги опишале позитивните својства на зелениот чај, особено врз работата на срцето.

Зелениот чај, белиот чај и црниот чај се добиваат од суви лисја на растението Camellia sinensis. Во зависност од начинот на подготовка и обработка на лисјата се добива различен чај.

Денес зелениот чај е распространет низ целиот свет и се смета за еден од најздравите пијалоци.

Лековитата моќ на зелениот чај

Зелениот чај содржи голем број на состојки, од кои најзначајни се катехини полифеноли. Катехините полифеноли се моќни антиоксиданси, а ги уништуваат слободните радикали во организмот, кои може да предизвикаат оштетување на ДНА, а со тоа да до придонесат за развој на канцер, згрутчување на крвта и артериосклероза. Од нив најзастапен е епигалокатехин 3 галат (ЕГКГ) кој е силен антиоскиданс, што е потврдено со истражувања. Од истражувањата е заклучено дека ЕГКГ го стопира на растот и ги уништува на клетките на ракот, без да го оштети околното здраво ткив, го намалува LDL холестеролот и го стопира формирањето на крвни згрутчувања, кои може да доведат до инфаркт.

Освен полифенолите, зелениот чај содржи и витамин Ц, витамини од групата Б, цинк, магнезиум, калиум, манган, флуорид, етерично масло, протеини, хлорофил и др. Една шолја чај содржи околу 50-100 мг кофеин и 300-400 мг полифеноли кои го обезбедуваат антиоксидантското дејство на чајот.

Зелениот чај може да ви помогне при следните здравствени состојби:

Ја спречува појавата од рак – неколку истражувања докажале дека доколку се пијат по две шољи зелен чај, се стопира растот на клетките на ракот. Зелениот чај особено е ефикасен при борбата со рак на дојката, а за тоа едно јапонско истражување кое било направено на 500 жени, покажало дека жените кои пијат повеќе зелен чај пред и по операција од рак на дојка го намалуваат ризикот од повторна појава на болеста. Во Кина е направено истражување со кое се докажало дека зелениот чај го намалува ризикот од појава на канцер на желудник, хранопровод, простата и панкреас. Позитивниот ефект на зелениот чај е докажан и во заштитата од рак на белите дробови, при што се намалува ризикот за појава на рак за 18%.

Зелениот чај е одличен за срцето – антиоксидансите кои ги содржи зелениот чај му даваат флексибилност и го намалуваат запушувањето на крвите садови. Позитивно дејство за полесно и побрзо закрепнување е забележано кај пациенти кои доживеале срцев удар.

Помага во намалување на тежината – Благодарение на кофеинот и супстанцијата ЕГКГ кои ги има во зелениот чај се забрзува работата на метаболизмот и го стимулира согорувањето на масти во телото.
Го подобрува имунитетот
Позитивно влијае кај пациенти со дијабетес
Спречува појава од кариес

Како да правилно да го подготвите зелениот чај?

За да направите една шоља чај, потребна ви е една мала лажичка со зелен чај (или една филтер кесичка).
Загрејте вода на 80 степени целзиусови. Зелениот чај потопете го со загреаната вода.
Оставете го чајот да стои во водата 2 до 3 минути.

Важно е да се знае дека 2 шољи на ден се доволни за да се постигнат посакуваните ефекти. Бидејќи содржи кофеин, консумирањето во поголеми количини може да предизвика проблеми со спиењето.
Зелениот чај потопете го со загреаната вода.
Оставете го чајот да стои во водата 2 до 3 минути.

Важно е да се знае дека 2 шољи на ден се доволни за да се постигнат посакуваните ефекти. Бидејќи содржи кофеин, консумирањето во поголеми количини може да предизвика проблеми со спиењето.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top