Free songs
Home / аларм / Зарази, инфекции, можни струјни удари – Предупредување за граѓаните со поплавени домови!

Зарази, инфекции, можни струјни удари – Предупредување за граѓаните со поплавени домови!

Зарази, инфекции, можни струјни удари – постојат неколку работи кои се ризични по здравјето по невреме и поплава.

POPLAVA VODA NOZE COVEKОва се неколку препораки до кои треба да се придржувате ако вашиот дом бил поплавен:

1. Не употребувајте свежа вода ако дошла во контакт со водата од поплавата.

2. Водата треба да се тестира дали е хемиски и бактериолошки исправна. Бунарите треба да се испумпаат и водата треба да се тестира пред пиење.

3. Немојте да ги посетувате поплавените региони. Вашето присуство може да ги попречи напорите за спасување.

4. Немојте да ракувате со електрична опрема приклучена на системот за довод на електрична енергија додека е водена. Електричната опрема треба да се провери и исуши пред повторно да се употребува.

5. Употребувајте светло на батерии, а не светло кое се создава со согорување на запаливи течности за проверка на зградите. Внатре во нив може да има запаливи материјали.

6. Пријавете ги прекинатите електрични линии или водоводни цевки на надлежните.

7. Потопените соби и други простории во внатрешноста на домот треба да се истријат со топла вода и сапун. Особено внимание треба да се обрне на површините што доаѓаат во контакт со храна и каде што се чува храната – маси, полици, фрижидери, шпорети и слично. Истото се однесува и на местата каде што си играат децата. Потоа, сè треба да се исплакне со солуција од половина чаша белило (варикина) за алишта на секои четири литри вода.

8. Исперете ги сите чаршави и облека во жешка вода и потоа исушете ги. Најдобро е да се исфрлат предметите што не можат да се исперат дома или на хемиско чистење, какви што се: постелите, намештајот со ткаенини и друго. Ако веќе мора да ги задржите таквите предмети, исушете ги на отворено на сонце и потоа поминете ги со средство за дезинфекција. Ќилимите треба да се исчистат со апарати на пареа или да се исфрлат.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top