Home / природен лек / За холестерол, шеќераши, концентрација – Еве зошто е добро да јадете кикирики

За холестерол, шеќераши, концентрација – Еве зошто е добро да јадете кикирики

Го намалува холестеролот

Непржените кикирики, односно оние со лушпа, немаат индустриски додадени масти па се работи за здрава храна со бројни хранливи својства. Кикириката е полна со здрави маснотии кои го намалуваат штетниот холестерол, го штитат срцето и циркулаторниот систем.

kikiriki-ee754924Го балансираат нивото на шеќер во крвта

Една студија покажала дека внесувањето на кикирики или путер од кикирики во организмот може да го балансира нивото на шеќер во крвта и да го спречи развојот на дијабетесот тип 2.

Го убива гладот

Кикириките се едни од најздравите грицки. Има богат вкус кој многу заситува, а со тоа помага и во слабеењето. Ако почувствувате глад помеѓу броците, заборавете на чипс и чоколадо, земете од овие слатки грицки.

Го подобрува помнењето

Овие грицки се одлична храна за мозокот, бидејќи содржат витамин Б3 кој ја стимулира активноста на целото тело и ум.

Богатство на хранливи материи

Созревањето на плодот во заштитната лушпа овозможува кикириката да содржи се повеќе хранливи состојки, вклучувајќи ги и важните минерали како цинк и железо, што придонесува за здравјето на целиот организам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top