Free songs
Home / природен лек / За да сте здрави: Печурките почесто на менито, заборавете ги пилешките крокети

За да сте здрави: Печурките почесто на менито, заборавете ги пилешките крокети

Печурки

sitake pecurkaТрудете се што почесто да ги имате во исхраната, освен ако не сте алергични на нив. Печурките се богати со протеини, витамин Б и витамин Д. Поделотворни се покажале вообичаените видови печурки за разлика од оние поскапите и егзотичните, како, на пример, шитаке. Печурките веќе долго се користат во традиционалната медицина, а некои лабораториски тестирања веќе покажаа дека состојките на печурките може да му помогнат на организмот во борбата против туморот.

Целер

Целерот е зеленчук кој изобилува со витамин К, калиум и фолна киселина. Познат е по тоа што го намалува крвниот притисок, а не содржи многу калории. Целер можете да внесувате и преку супа, бидејќи е вистински избор за зачинување на јадењата. Секој дел од целерот е здрав и корисен, од неговиот корен, па с` до неговиот лист, а во количество од стотина грама содржи само 7 калории. Се препорачува за смирување на нервите, помага при ревма, астма, а ги прочистува мочните канали и бубрезите. Содржи состојки што ги релаксираат артериите, а го намалуваат количеството на хормонот на стрес.

Риба

Ако ве одбива мирисот на рибата или коските што треба внимателно да се исчистат, треба да го надминете тоа. Знаејќи дека рибиното месо и рибиното масло во редовната исхрана го намалуваат ризикот од инфаркт, ги штитат коските, го спречуваат настанувањето на ракот и го забавуваат процесот на стареење, навистина треба да се научите да ја консумирате. Богата е со омега-3 масни киселини и е добар извор на протеини, што е навистина корисно за мозокот и за срцето. За подобар вкус, рибиното месо може да го маринирате.

07-Tomato-HeartFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1-300x177Домати

Некои луѓе не го сакаат свежиот домат, но, за среќа, немаат проблем да го консумираат во природни домашни сосови. Научниците неколку пати докажале дека ликопенот што се содржи во доматот е еден од подобрите прочистувачи на организмот. Некои истражувања покажале дека варениот домат во комбинација со други зеленчуци има големо антиоксидативно влијание. Ликопенот го спречува настанувањето заболувања на срцето и одредни видови тумор.

Авокадо

Можеби ви изгледа невкусно, но навистина се работи за здраво овошје богато со витамин Е, калиум, и есенцијални масни киселини. Сега барем е лесно достапно и на нашите пазари и до него може лесно да се дојде. Корисно е за кожата и за срцето, а може да се комбинира со сок од лимон.

Путер од кикиритки

Путерот од кикирики значително го намалува холестеролот и ризикот од срцеви заболувања. Ако не сте алергични на кикирикти слободно консумирајте го, а може да го додавате и во разни салати.

За да го сочувате здравјето и да го зајакнете имунитетот, од вашето мени исфрлете ги следниве работи:

Пилешки крокети и слична пржена храна

Дури да станува збор за чисто месо, со вакво готвење ќе биде мрсно надополнето со масло и конзерванси. Но, во поголем број од случаите крокетите, било да се пилешки или од некое друго месо, не се содржи чисто свежо месо. Трудете се да избегнувате пржена храна, бидејќи го зголемува лошиот холестерол, а тоа предизвикува разни заболувања.

Пуканки од микробранова

Тука не се проблем пуканките, туку пакувањето во кое се нудат. Амбалажата е полна со ПФОА-киселини, кои се поврзуваат со неплодноста. При процесот на готвење тие киселини се префрлуваат на продуктот, а потоа вие ги консумирате. Најлошо од с` е што овие хемикалии во телото остануваат со години и не се исфрлуваат лесно. Познато е дека предизвикуваат рак на црниот дроб, тестисите. Овие тврдења се поткрепени со неколку истражувања што биле направени врз животни. Научниците стравуваат дека истите ефекти ги имаат и кај човекот.

Маргарин

Нутриционистот Џенифер Нелсон од клиниката во Минесота вели дека трансмасните киселини од зацврстено масло, кое е индустриски преработено, како што е маргаринот, се извор на многу заболувања. Го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, како и нивото на лошиот холестерол, а го намалуваат нивото на добриот. Тука е и зголемениот ризик од мозочен удар и дијабетес тип 2. Во замена на маргаринот, обидете се да го користите путерот од кикиритки.

Домат во конзерва

И тука, исто како и кај пуканките, не е проблемот во содржината на продуктот, туку во амбалажата. Професорот Фредерик вон Сал од универзитетот во Мисури потврдува дека конзервите содржат бисфенол – А, односно БПА, што се поврзува со срцевите заболувања, дијабетес и нагло дебелеење.

– Еден литар конзервиран домат може да внесе 50 микрограма БПА, а тоа количество влијае на здравјето на луѓето, особено на младите, вели Сал. Според ова, се препорачува колку што е можно да користите домашен сос од домат или од стаклена амбалажа.

Енергетски плочки

Тука не станува збор дали е здрав или нездрав продукт, туку за содржината на шеќерот. Освен нивните вообичаени состојки, имаат дополнително количество шеќер што влијае директно на шеќерот во крвта, а исто така содржат и многу калории кои дебелеат и создаваат масни наслаги.

Неорганско овошје

С` потешко е да се најде органско овошје, а модерното овоштарство почнува да користи различни хемикалии за производот да изгледа убаво. Но, поради тоа овошките содржат пестициди, а тоа е сериозна закана за здравјето. Американската агенција за превенција и контрола на болести, многупати досега предупредуваат да се внимава од каде се набавуваат овошјата. Тие велат дека ако производот изгледа убаво, не мора да значи и дека е здрав. Подобро е да изедете едно јаболко од домашен двор, отколку воопшто да консумирате од купечките.

Дневник

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top