Home / алтернативна медицина / За бик музика, за рак хомеопатија – алтернативна медицина според хороскоп

За бик музика, за рак хомеопатија – алтернативна медицина според хороскоп

Астрологијата отсекогаш била поврзана со здравјето. Луѓето без разлика дали веруваат или не во астрололозите и астролошките предвидувања и совети, речиси секогаш сакаат да прочитаат нешто за својот хороскопски знак, каква љубов и какво здравје ги очекува.

Ние денеска ќе ги споиме астрологијата и медицината и да видиме кој хороскопски знак според која метода од алтернативната медицина треба да се лекува.

signs-bodypartsОВЕН

Според астролозите, со овните управува планетата Марс, па доколку не се движите редовно и имате намалена физичка активност подложни сте кон алергии, воспаленија на очите и главоболки. Физичката активност е особено важна за вас, па така за овните според астролозите најдобро е лекувањето со физиотерапија и кинезитерапија, а освен тоа бакарот и железото се олигоелементи кои се секогаш им се потреби на овните.

БИК

Бикот обично е смирен и стрплив, но ова се пренесува на неговиот биоритам. Планетата која раководи со вас, Венера, владее со бојата и со звукот, па затоа според астролозите најдобра терапија за припадниците на овој хороскопски знак е хромотерапијата и музикотерапијата. Терапијата со бои и музика одлично ги стимулира вашите жлезди и го одржува организмот.

БЛИЗНАЦИ

Навистина сте подложни на нервози и стресови. Со вашиот хороскопски знак управува планетата Меркур и затоа вие повеќе размислувате со главата отколку со срцето. Вие сте подложни кон многу заболувања и проблеми со срцето и дишењето поради секојдневниот стрес, па затоа макробиотиката е вашата најправилна терапија односно превентива. Само со елементи кои се од природно потекло и не претрпеле преработка ќе спречите појава на опасни хронични заболувања.

РАК

Ракот е специфичен хороскопски знак. Луѓето родени во овој знак се предводени од месечината. Според астролозите, хомеопатијата е нивна најделотворна терапија. Со овој вид на терапија луѓето ја лекуваат нарушената енергија на создадената болест, па така на ефикасен начин доаѓаат до излекување.

ЛАВ

Со вашиот хороскопски знак владее Сонцето. Вие не сакате да се лекувате, воопшто не сакате да одите на лекар, не сакате да пиете таблети, но затоа сте многу склони кон топлина. Затоа на лавот совршено му одговара термотерапијата. Со термотерапија, која вклучува топла вода, разни купки, или било каква терапија која вклучува топлина лавовите ја црпат силата и многу лесно ја излекуваат болеста.

ДЕВИЦА

Интересен хороскопски знак отпорен на хируршки интервенции или барем така велат астролозите. Овие хороскопски знаци најдобро се лекуваат со фитотерапија. Лековитите растенија одлично влијаат на нив, а според астролозите девицата е хороскопски знак кој може да го исцрпи максималното корисно од лековитите билки.

ВАГА

На овој знак одговараат многу терапии. Со овој знак владее планетата Венера и затоа според астролозите најповолно за вагата е ароматерапијата. Мирисите имаат посебна моќ кај припадниците на овој хороскопски знак и со ароматерапија тие многу лесно се исправаат на нозе. Но, поради дејството на Сатурн во вашиот знак вие можете лесно да ја прифатите и металотерапијата и кристалотерапијата.

ШКОРПИЈА

Владетел со вашиот знак е планетата Плутон, уште позната и како планета на регенерацијата и затоа вие лесно се опоравувате од болестите. Не се плашите да примате никаква терапија, па дури и да се работи за хируршки третман вие тоа ладнокрвно го прифаќате. Вашиот живот е навистина остар и бара острина, па затоа според астролозите најприменлива на вас е акупунктурата.

СТРЕЛЕЦ

Овој хороскопски знак често има проблеми со некој орган и некоја функција. Кентаурот е симбол на знакот, што значи знаење, па според астролозите на стрелците најмногу им одговара астролошката медицина, која укажува кога односно во кој период каква терапија да се спроведе, но исто така и хомеопатските лекови се делотворни но треба да се знае за секој лек кога точно да се употреби.

ЈАРЕЦ

Сатурн е ваша планета и таа управува со вашиот локомоторен систем. Затоа на вас дефинитивно најмногу ќе ви одговара хиротерапија, металотерапија и кристалотерапија. Според астролозите, оваа терапија која одлично влијае на коските, мускулите како и зглобовите е одличен начин за ослободување од болести на овој хороскопски знак. Оваа терапија ги штити јарците и од други заболувања како и заболувања на половиот систем кон кој се склони.

ВОДОЛИЈА

Благодарејќи на вашата планета Уран, вие едноставно владеете со чувствата, па вас ориенталната медицина најмногу ви одговара. Медитација и јога се одличен избор за вас. Освен нив, кај водолијата одлично делуваат и лековитите растенија, а се препорачува честа употреба на ѓумбирот.

РИБИ

Навистина сте многу нежни. Најнежен и најчувствителен знак. Тешко се лекувате, не сакате агресивност и многу сте склони кон нервози. Ова се должи на вашата планета Нептун. Затоа пранотерапијата најмногу ви одговара. Вие ја сакате биоенергијата, односно некој што ќе ја стави раката на вас и ќе ве лекува со неговата енергија. Вие не сакате да се замарате со инвазивни медицински методи за кои воопшто не сакате да слушнете.

Како и во секој друг хороскоп и во здравствениот се она што го напишавме сфатете го ориентационо и како забава и никогаш буквално, а горенаведените алтернативни медицински решенија се наменети само како превентива, никако како замена за стандардна терапија или стандарден лекарски или специјалистички преглед!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top