Free songs
Home / сведоштва / Воениот лекар од Битола кој бил одликуван дури и од Султанот

Воениот лекар од Битола кој бил одликуван дури и од Султанот

Зоран Кардула за неговиот голем прадедо, воен лекар…

“Тоа беше премногу болно за мојата баба па многу малку и зборуваше за тие настани. Тие изгубиле се, се им беше национализирано и само со 2 сандаци и малку вредни работи го напуштиле својот дом. Многу време се обидував да најдам некој кој ке ми протолкува што конкретно се документите кои се напишани на старо турски со арапско посмо. И еве пред 2 дена добив информација са содржината на овие истите.”ни раскажува Зоран..

lekar bitolaГолем дел од документите говорат за статусот на таа фамилија во тој период кога живееле во Турција каде прадедото Коста бил на служба. Така да во документите се сите лични исправи на Коста, неговата жена и нивните 5 деца како и некои административни документи. Но еден документ е од голема историска важност за државата (според стручното лице кои ги правеше проверките) а од непроценлива важност и за цела фамилија. Тоа е всушност СУЛТАНСКИОТ ФЕРМАН напишан на рачно направена хартија испишан со златно мастило и кое се однесува на КОСТА ГЈОРГЈИУ роден во Битола 1847 година и со кое лично Султанот го одликува за неговата заслуга како воен лекар.

Според стручното лице ова е многу значаен историски документ зошто се однесува на човек од овие простори и дека во Македонија се претпоставува дека ваков султански ферман имало уште еден. Значаен е и фактот дека е даден на човек со христијанска вероисповед за заслуги како воен доктор. Тука е и неговиот печат кој според документите бил симбол на неговиот сталеж и богатство и гаранција за непрецена трговија и движење во Отоманската империја како и специјалните карти на неговите деца исто за непречено и сигурно движење секаде во империјата. Приказната од која претходно Зоран ја знаел од раскажување на неговата баба се потврди со објаснувањето и пишаното во документите.

Како што гледате и сами уште пред сто години не било пресудно да си припадник на некоја религија или етничка заедница за да добиеш заслуга за својата работа, нешто кое што треба да се цени и применува доколку сакаме работите да одат напред…

Голема благодарност до Зоран Кардула и ете на еден ваков мал симболичен начин се надеваме дека барем малку ќе му оддадеме од големата почит која ја заслужува некогашниот воен лекар-Коста од Битола, кој бил одликуван дури од големиот Султан.

http://www.babambitola.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top