Home / нови лекови / Во Македонија ќе стартува трансплантација на црн дроб

Во Македонија ќе стартува трансплантација на црн дроб

Министерството за здравство започнува со нов проект со кој се воведуваат 100 методи во работењето на ЈЗУ, а ќе стартуваат од септември годинава. најважна метода што се воведува во јавното здравство е трансплантација на црн дроб, а ќе се реализира на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија.

zp-jetra 1– Пациентите, од 10 до 12 лица годишно, нема веќе да се упатуваат во странство. За оваа интервенција се даваа големи средства, а сега таа ќе се реализира во земјава – вели Тодоров и додава дека пациентите од внатрешноста кои за крварење на чир во желудникот се упатуваа во Скопје, сега ќе се оперираат во клиничките болници во Штип, Тетово и во Битола.

 62 нови методи ќе се применат на универзитетските клиники во Скопје, а останатите 38 во општите, специјализираните и општите болници на целата територија на РМ.

Новите методи ќе се применат на повеќе скопски клиники меѓу кои: Клиниката за максиофацијална хирургија, Клиниката за анестезија и реанимација и во ГОБ 8 Септември”, на Трауматологија, Ортопедија, Гастроентерохепатологија, Гинекологија, Дерматологија, Инфективна, Онкологија, Неврологија…

Болницата 8 Септември” ќе се почне со ласерска фотокоагулација, транскранијална магнетна стимулација за лекување на пациенти со тешка депресија, а исто така ќе се воведат и методи од физикалната медицина и рехабилитација. Во Клиничката болница Битола ќе се воведат методи од областа на оториноларингологија и урологија, односно се воведува биопсија на простата и ендоскопска хирургија на синуси, со што ќе се овозможи помалку инвазивна хирургија на синуси и подобрување на дијагностиката на карцином на простата. Во клиничките болници во Тетово и Штип се воведува интервентна терапевтска дигестивната ендоскопија, со цел навремен третман на крваречки улкуси и за што пациентите веќе нема да патуваат до Скопје.

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата, а на Институтот за туберкулоза ќе се воведе и неинвазивната вентилација од која ќе придонесе кон подобро лекување на пациентите со ХОББ.

One comment

  1. Вера Димова

    Ве молам за совет за случај со задржување на течностите во телото и собирање на асцит во стомачната празнина, отечни нозе- последица на билијарна цироза. Благодарам

Leave a Reply to Вера Димова Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top