Home / аларм / ВНИМАВАЈТЕ НА ПАЗАР: Ова се најзагадените овошје и зеленчук

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАЗАР: Ова се најзагадените овошје и зеленчук

Веќе 9 години по ред агенцијата „Environmental Working Group (EWG)“ го објавува нивниот список со „Нечиста храна“. А јаболкото се најде на врвот на оваа листа како најзагадено овошје со пестициди.

Рангирани се 46 различни природни плодови кои кога би биле органиски одгледувани ќе бидат многу здрави за нас. Според официјалните резултати од испитувањат, 67% од плодовите и откако добро ќе се измијат пестицидите остануваат во нив.

zelencuk-300x168Органски одгледуваните плодови се добар начин да се избегнат токсичните хемикалии кои ги содржат сите наводум здрави прозиводи. Нутриционистите секогаш препорачуваат балансирана исхрана со многу овошје и зеленчук, но кога внесуваме овошје и зеленчук внесуваме и токсини во организмот.

Пестицидите се поврзуваат со голем број на здравствени проблеми, особено со проблеми кај децата. Тие се канцерогени но и ги пореметуваат хормоните во телото, според Агенцијата за заштита на околината на САД. Меѓутоа стравот од пестицидите секако дека не е причина да се избегнуваат овшјата и зеленчукот, но се советува да се купуваат органски производите кои имаат тенка кора, како јаболката.

Еве кои се најзагадените природни производи:

Јаболко
Јагоди
Грозје
Праски
Спанаќ
Пиперки
Голи праски
Краставици
Компири
Домати
Фиферонки
Целер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top